Дојди Никола, Илија има нешто да ти каже – политички си непиcмен
Договорот со Бугарија и Преспанскиот договор се во синергија, онаква каква што е и синергијата на односите помеѓу Бугарија и Грција за македонското прашање во последните 100 години…
Воспевањето на едниот договор со вплетена критичност кон другиот е или политичко лицемерие или гола историска и политичка неписменост…
Член 7 од Преспанскиот договор, каде што ни се редефинира, ограничува и дели македонскиот идентитет, е вратата низ која Бугарија ги отвори идентитетските прашања низ призмата на својот бугарски интерес…
Ако сте се дрзнале да им дадете на Грците редефинирање на идентитет, потоа вие како политичка гарнитура смешно е да им кажете на Бугарите дека се безобразни кога го бараат истото…
Ја утнавте скроз, и тие што си одите од Влада и тие што останувате. Дадовте се, ништо не добија граѓаните на Македонија…
На Македонија и престојат тешки и напорни години за реституција на националните и државни позиции градени со Илинден, АСНОМ и 8 септември 1991, пишува екс пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонско-бугарската историска комисија повторно без резултати: Нема…
Последниот состанок на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија…
Јотова и Радев криеле помилувања? Имињата се…
Во официјалниот регистар на помилувања што го…
Урсула фон дер Лајен следната недела во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Касис понуди помош од ОБСЕ за Македонија…
Продлабочување на билатералната соработка, зајакнување на економските…
Муцунски: Работиме на дијалог со Бугарија, за…
Дијалогот што во моментов се води во…