(Видео) Додик прогласи конечна победа на изборите во Босна и Херцеговина!
Изборниот штаб на СНСД соопшти дека врз основа на 51 отсто од преброените гласови, нивниот кандидат Милорад Додик освоил 54 отсто од гласовите, а неговата противкандидатка Јелена Тривиќ 45 отсто.
Тие изјавија дека, според тие податоци, Додик освоил 134.000 гласови, а Тривиќ 110.000 гласови.
ПДП соопшти дека нивниот кандидат Јелена Тривиќ, врз основа на 40 отсто преброени гласови во цела РС, има предност од 13.000 гласови и дека оваа предност е недостижна.
Додик прогласи победа
Лидерот на СНСД ги објави резултатите врз основа на преброени 523.326 гласачки ливчиња.
„Во овој момент дефинитивно можам да потврдам дека Жељка Цвијановиќ победи на изборите за српски член на Претседателството на БиХ, а јас победив на изборите за претседател на Република Српска“, рече Додик на прес-конференцијата.
Како што рече, освоил повеќе од 274.000, додека неговата конкурентка Јелена Тривиќ освоила 246.000.
„Овој тренд покажува дека можеме да бидеме сериозни кога велиме дека кандидатот на СНСД, тоа сум јас, победив на овие претседателски избори. Благодарам на сите што гласаа за мене и на оние што не гласаа за мене“, рече Додик.
Претходно на Фејсбук противкандидатката на Додик, Јелена Твириќ исто така прогласи победа на изборите. Засега останува нејасно кој е официјален победник, се чекаат резултатите на Централната изборна комисија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бизарен случај: Уапсен Босанец откако синот хомосексуалец…
Граѓанин на БиХ завршил во регионалниот суд…
САД: Заканите на Додик за отцепување на…
Американската амбасада во Босна и Херцеговина денеска…
Босна протестира по монструозното убиство на Низама
Почнаа протестите во Босна мотивирани од крвничкото…
Масакрите во Босна немаше да се случат…
Заменик-претседателот и портпарол на турската владејачка Партија…
Лавров: Она што се прави кон Додик…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…