(Видео) Документи од руски министерства по улиците на Москва по украинскиот напад со дронови
Три министрерства ја користеле зградата во Москва, која утрово беше нападната од украински дронови. Документи беа расфрлани по улиците, пишува „Украинска правда“.
Според информациите, зградата ја користеле три министерства во земјата Министерството за економски развој, Министерството за индустрија и трговија и Министерството за дигитален развој, а според некои извори вкупно шест институции биле сместени во објектот. Украински дронови утрово при нападот оштетиле две деловни згради. Повреден бил еден чувар, но нападот поминал без жртви.
Официјален Киев сè уште е без коментар по изјавите на руските власти.
Беспилотни летала во повеќе наврати досега ја нападнаа Москва. Пред неколку месеци два дрона ја нападнаа куполата на Сенатскиот дворец во Кремљ. На почетокот на јули неколку беспилотни летала погодија станбени, но и нестанбени згради во Москва.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Москва удри по укранските одбранбени објекти –…
Руската војска изврши серија напади врз украински…
Најмалку 44 луѓе загинале во израелски напад…
Агенцијата за цивилна одбрана на Газа соопшти…
(ВИДЕО) Зеленски: Русите се уште напаѓаат, а…
Украинскиот претседател – Володимир Зеленски и се…
Вучиќ од Москва: Благодарност до Црвената армија…
По многу години, повторно во Москва. „Горд…
(Видео) Вучиќ слета во Москва
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес пристигна во…