Објавено на:

(Видео) Документи од руски министерства по улиците на Москва по украинскиот напад со дронови

t

Три министрерства ја користеле зградата во Москва, која утрово беше нападната од украински дронови. Документи беа расфрлани по улиците, пишува „Украинска правда“. 

Според информациите, зградата ја користеле три министерства во земјата Министерството за економски развој, Министерството за индустрија и трговија и Министерството за дигитален развој, а според некои извори вкупно шест институции биле сместени во објектот. Украински дронови утрово при нападот оштетиле две деловни згради. Повреден бил еден чувар, но нападот поминал без жртви.

Официјален Киев сè уште е без коментар по изјавите на руските власти.

Беспилотни летала во повеќе наврати досега ја нападнаа Москва. Пред неколку месеци два дрона ја нападнаа куполата на Сенатскиот дворец во Кремљ. На почетокот на јули неколку беспилотни летала погодија станбени, но и нестанбени згради во Москва.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Масовен напад врз Москва, Украина ноќеска ја…

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин утрово изјави…

Дронови погодија брод во близина на бугарскиот…

Контејнерскиот брод CONTSHIP JET, кој пловел под…

Москва под удар на 630 украински дронови…

Москва во ноќта меѓу средата и четвртокот…

Захарова: Француската иницијатива за нуклеарно одвраќање претставува…

Иницијативата за „проширено нуклеарно одвраќање“, што Франција…

Грција наскоро ќе произведува 15.000 воени дронови…

Грчките државни воени фабрики наскоро ќе можат…