(Видео) Дури 40 лица од повредените од пожарот во Кочани одат на физикална терапија, на преврска над 70 лица
И по 60 дена од трагичниот пожар во Кочани, тимови на лекари ги лечат раните на повредените деца. Во моменто Моментално околу 40 лица одат на физикална терапија во болницата , а преврски се прават на повеќе од 70 лица. Директорката на Општата болница Кочани, Кристина Серафимова вели дека лекувањето на повредените им е поделено на три категории.
,,Децата кои што беа жртви во пожарот што се случи, пред 60 дена се веќе во кочанската болница и тие што се вранети од странство и тие кои што беа тука и не беа надвор од Македонија. Се врши физикалната терапија на три места. Долу на одделот за физикална, горе на хирургија, има специјално направено две соби, едната на неврологија, другата на хирургија, каде што можат нашите рехабилитациони тимови да вршат рехабилитација на децата. За да не се создава гужва им се јавуваат за да доагаат и да не чекаат многу пред ординациите. Инаку, истовремено се прават се уште преврски на децата кои што се со изгореници, кои што беа вратени исто од другите држави. Истото се прави со двајца хирурзи во кочанската болница со дополителни тимови од пластична хирургија, доктори кои доаѓаат.“,рече
Со повредените пациенти во кочанската болница исто така работат и тимови од физикална медицина, како доктор специјалист по физикална медицина од КБ Штип, заедно со тројца терапефти исто од таму.
Според лекарите од кочанската болница, за целосно оздравување на пациентите ќе биде потребно подолг временски период, а најмалку што може е 12 месеци. Подолгиот период до оздравувањето е поради тешките изгореници .
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Нуклеарниот часовник повторно отчукува: Светот се приближува…
Во најновиот годишен извештај на Стокхолмскиот меѓународен…
Алиу: Прво пребројување на паркинг местата во…
Новиот министер за здравство Азир Алиу, одговарајќи…
АРСОВСКА ОТКРИВА КОЈ Е ВИНОВЕН ЗА ПРОБЛЕМИТЕ…
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, открива кој…
„Призма“: Нови сомнежи за ТОЕФЛ-сертификатот на директорот…
Директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ)…