(Видео) Еве како Тито зборуваше англиски!
На платформата You Tube веќе е достапна снимката на која се гледа и слуша како поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито зборува на англиски јазик при посетата на Лондон во 1953 година.
Познатиот филмски магазин „British Pathe“ претходните години го објави најголемиот дел од својата архива на Јутјуб. Тито стигна на островот со бродот „Галеб“, а го пречекаа премиерот Винстон Черчил, министерот за надворешни работи Ентони Идн, како и сопругот на британската кралица Елизабета Втора, принцот Филип.
Но, имаше и мал инцидент. Димна бомба експлодирала недалеку од местото каде што „Галеб“ се закотви во пристаништето. Тито едноставно влезе во блиндиран автомобил и се оддалечи. Приказните за животот на Тито и ден денес се интересни за публиката, особено во земјите кои беа дел од поранешната Југославија и повозрасните генерации.
Во продолжение погледнете ја снимката:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вицепремиерот за добро владеење НЕ МОЖЕЛ ДА…
Вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, зборува…
Кибер напад врз пет болници во Лондон,…
Неколку болници во Лондон беа погодени од…
Десет илјади луѓе се собраа во Кумровец…
Традиционалната манифестација во Хрватска „Ден на младоста…
Немири во Лондон: Судир меѓу поддржувачи и…
Четири лица се повредени во судирите во…
ЕДНО ЛИЦЕ ПОЧИНА, повеќемина се повредени при…
Едно лице загина, а други се повредени…