Паркинг место во Лондон се продава за скоро 200.000 евра

t

Паркинг место во елитниот дел на Западен Лондон се продава за 198.000 евра и може да се изнајмува за 10.200 евра годишно.
Дополнително, сопственикот ќе треба да плаќа годишен сервис од 1.000 евра, пишува британски Дејли Мејл.


Паркингот го огласи агенцијата Николас Ван Патрик, специјализирана за недвижнини во Челзи.
Паркингот се наоѓа во „безбеден, покриен простор“ и доаѓа со „складишна просторија“.
Улицата Сент Леонард Тераса, каде што се наоѓа паркинг просторот, е меѓу најскапите во Челзи, со просечна цена на куќата од 2.760.000 евра во последната година.


Пред повеќе од еден месец, во Најтсбриџ, уште една престижна област во западен Лондон, паркинг простор беше продаден за 108.000 евра, иако беше премал за повеќето автомобили.
За сумата што треба да се плати за паркинг место во елитен дел на Лондон, во другите делови на земјата може да се купи цела куќа, пишува Дејли Мејл.
Во Бредфорд, Западен Јоркшир, куќа со една спална соба излезе на пазарот минатиот месец за 120.000 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Москва му се заканува на Лондон по…

Москва го предупреди британскиот владин врв за…

Муцунски денес во работна посета на Лондон

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…

Ја заобиколува Полска поради затегнатите односи: Зеленски…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски почнал да го…

Вашингтон го предупреди Лондон: Терористички напад е…

Амбасадата на САД во Лондон ги предупреди…

Уште еден обид за палење на синагога…

Извршен е уште еден обид за палење…