(Видео) Едно лице загина, две се повредени во денешното невреме во Анкара
Едно лице загина, а две се повредени во денешното невреме во Анкара, соопшти гувернерот на областа Васип Шахин, пренесува Си-Ен-Ен-Турк.
Се соопштува дека во невремето се повредени три лица кога се урнало скеле на градилиште. Несреќата се случила поради силниот ветер за време на невремето во турската престолнина.
Повредените работници биле примени во болница, но и покрај напорите на лекарите, еден од повредените починал.
Обилните дождови денеска предизвикаа големи поплави во турскиот главен град Анкара. Метеоролозите предупредија дека поројните дождови во областа ќе продолжат и во наредните часови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
Во Турција над 14.000 луѓе повредени при…
Министерот за здравство на Турција, Кемал Мемишоглу,…
Силно невреме во Муртино, поплавени ниви и…
Силно невреме попладнево го погоди струмичкото село…
Пожар во живинарска фарма во Турција, настрадаа…
Голем пожар избувна во живинарска фарма во…
Турција: Развивме дронови кои полетуваат и слетуваат…
Најновото борбено беспилотно летало од домашно производство…