Објавено на:

(Видео) Едно лице загина, две се повредени во денешното невреме во Анкара

t

Едно лице загина, а две се повредени во денешното невреме во Анкара, соопшти гувернерот на областа Васип Шахин, пренесува Си-Ен-Ен-Турк.

Се соопштува дека во невремето се повредени три лица кога се урнало скеле на градилиште. Несреќата се случила поради силниот ветер за време на невремето во турската престолнина.

Повредените работници биле примени во болница, но и покрај напорите на лекарите, еден од повредените починал.

Обилните дождови денеска предизвикаа големи поплави во турскиот главен град Анкара. Метеоролозите предупредија дека поројните дождови во областа ќе продолжат и во наредните часови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Испораките на руски гас за Турција речиси…

Испораките на руски гас за Турција преку…

Масакр во западна Турција, непознато лице уби…

Турската полиција трага по маж кој денеска…

Авион што летал од Германија за Турција…

Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе ја…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе ја…