(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ: Обезбедувањето на Гаши им ставило пиштол на глава на македонски полицајци!

t

Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“ по инцидентите на скопскиот аеродром, уредникот на Инфомакс, Александар Митовски објави ексклузивни детали за скандалот кој се случи пред неколку часа.

– На прелиминарните скенови кои го имале таа и обезбедувањето, македонските гранични полицајци виделе нешто што им е сомнително. Потоа ги замолиле да ги отворат куферите, за да се провери што има. Османи одбила, граничните полицајци не ѝ дозволиле да замине, тоа е законски.

Ако на прелиминарната проверка има нешто сомнително, дипломатскиот имунитет не важи. Ако ти дилаш дрога и носиш оружје, дипломатскиот имунитет не важи. Обезбедувањето на Османи ги нападнало македонските полицајци, а во меѓувреме Вјоса го бара Африм Гаши кој го пушта неговиот шеф на обезбедување на Аеродромот. Шефот на обезбедување со него зема уште пет души, почнале да се расправаат со нашите полицајци, кои кажале дека обезбедувањето на Гаши нема никаква надлежност таму. Имало пцовки. Во пцуењето Синани вади пиштол, го репетира, вадат и другите и ги вперуваат кон полицајците, по што ескалира ситуацијата.

Нашите гранични полицајци останале на својата заача и не дозволиле да си замине, како што таа си замислила да си оди. Вјоса сега се жали на Твитер и може да се жали колку сака, процедурата во Република Македонија е таа и точка!

Оваа информација ја потврдија и МВР и ТАВ и де факто сакајќи да демантира, ја потврди и Гаши кој вели дека неговото обезбедување било таму „за да ја смири ситуацијата“.

Што барало обезбедувањето на Гаши да одат таму? Кои се тие да кажуваат на гранична полиција, кое е нивното овластување?! На граничната полиција може само надреден да му даде наредба!

На министерот Тошковски му пишав:

– Министре, Африм Гаши тврди дека неговото обезбедување отишло на Аеродром за да смирело ситуација помеѓу обезбедувањето на косовската претседателка и граничната полиција По чив налог, наредба, по кој повод, кој ги повикал, што надлежност имаат? Има ли наредба од претпоставен во МВР?

На ова до овој момент нема никаков одговор, а заменикот на Панче Тошковски, Астрит Исени демантира дека имало било каков настан. Тој го демантира Тошковски и се става на страна на косовската приказна на Вјоса Османи, значи заменик-министерот ја брани не нашата, туку косовската страна.

Брат му на Астрит Исени нема добиено сертификат за безбедност во МВР, Дритон Исени, поради поврзаност со исламски структури во Куманово. Зетот на Гаши е ИСИС, братот на заменик-МВР има поврзаност со исламски структури, Гаши држи обреди во Собрание и прв гостин на Гаши му е заменик министер за исламски прашања на Саудиска Арабија. Тој министер 20 држави го бараат за исламски радикализам, тој човек му подари на Гаши Куран.

Ќе фати ли некој да работи во државата? – прашува Митовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поранешниот косовски претседател ја попари Османи: НЕ…

Не постои ниту еден тип на имунитет…

Пронајден починат маж во напуштена куќа во…

На 02.08.2024 во 10.51 часот во СВР…

Тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…

Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…

(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…

Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…