(Видео) Ексклузивни снимки од безбедносните камери: Маж со бензин предизвикува пожар во ЈП Паркови и зеленило!
Вчера вечер, кратко после полноќ беше пријавен пожар во дирекцијата и магацинот на јавното претпријатие Паркови и зеленило – Скопје.
Пожарот е намерно предизвикан што може да се забележи и на снимките од безбедносните камери до кои дојде Инфомакс се гледа како машко лице предизвикува пожар со бензин.
Директорот на претпријатието, Зухејер Реџепи уште вчера вечер нагласи дека се сомнева дека пожарот е предизвикан со цел да се прикријат докази за сторен криминал, односно да се уништат податоците од извршениот попис во претпријатието каде било воочено дека недостигаат материјали во вредност од неколку милиони денари.
– Искрено да ви кажам како директор се сомневам дека е ова резултат на вонредниот попис што го направивме со надлежните, стручните луѓе во самиот магацин и констатирано е дека фалат материјали во магацинот во вредност од неколку милиони денари.
Јас се сомневам дека се обиделе да ја запалат архивата, очигледно сакале да ги прикријат трагите на криминалот. Јас сметам дека е ова најлошата варијанта како одлучиле да го скријат криминалот ама ние како раководство на ЈП Паркови и злеенило нема да застанеме тука. Ќе одиме до крај додека криминалците не завршат каде им е местото, нагласи Реџепи.
Како што кажа и директорот и покрај ваквите обиди криминалците ќе бидат разоткриени и ќе бидат покренати соодветни судски постапки.
ЛИНК од снимките од безбедносните камери
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Општина Аеродром плаќа 162 ИЛЈАДИ ЕВРА за…
Парковите низ Општина Аеродром се во хаос,…
Запалена спортска обложувалница во Аеродром
Спортска обложувалница во Аеродром била запалена во…
Изгорела куќа на гурбетчии во Шуто Оризари,…
Вчеравечер полицијата примила пријава дека е запалена…
(Видео)Пожар во зграда до бараките на општина…
Доцна вечерва избувна пожар во близина на…
Според МВР 14-годишник го предизвикал пожарот во…
На 06.09.2024 СВР Скопје до ОЈО Скопје…