(Видео) Жестока реакција на Синдикатот откако советниците на Мицкоски не изгласаа субвенции за ЈСП – Немаат ни душа, ни срце, ништо немаат овие луѓе!

t

Претставникот на синдикатот на ЈСП, Африм Муча со жестоки критики за советниците на ВМРО-ДПМНЕ, откако не беа изгласани субвенциите за претпријатието со кои ќе се овозможеше нормална работа на истото и исплата на платите кон вработените.

-Без коментар сме. Немаат ни душа, ни срце, ништо немаат овие луѓе. Бараат гласови, плати не даваат. Срам да им е, вели Муча.

Со 22 гласа „за“, ниту еден глас „против“ и 11 „воздржани“, денеска на вонредната седница на Град Скопје не беше изгласана одлуката за субвенционирање на ЈСП со 11 милиони евра.

За да се изгласа одлуката недостигаше само еден глас, бидејќи за да биде изгласана одлуката потребни се 23 гласа.

– Одлуката за давање субвенции не е донесена. Со тоа дневниот ред на седницата е исцрпен – кажа претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески.

Ова значи дека ќе продолжи протестот на вработените во ЈСП Скопје и автобусите нема да излезат од гаражите на претпријатието.

Ваквата одлука предизивка бурни реакции кај вработените во ЈСП и кај членови на синдикатите.

По завршувањето на седницата настана расправија во собраниската сала кога Африм Муча, претставник на еден од синдикатите, ги замоли советниците да му кажат со што да ги нахрани своите деца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија: Изјавите на Мицкоски се популистички, нема…

Ниту еден обид за заобиколување на консензусот…

Вучиќ: Го запираме целиот извоз на оружје!

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека…

Арсовска го објави: „Ова е сопственикот на…

Градоначалничката Данела Арсовска денес на Фејсбук сподели…

Левица: Скандал во Вевчани, ДПМНЕ на колена…

Скандал во Вевчани, наместо успехот критериум за…

Татко и синови со клоци и тупаници…

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…