ВИДЕО: ЗАГИНАА 5 ЛИЦА – Авионот на „Јапан ерлајнс“ се судрил со мал авион кој носел помош за настраданите во земјотресот
Видео објавено на социјалните мрежи ја покажува ситуацијата во внатрешноста на авионот кој се запали на пистата на аеродромот Ханеда во Токио, Јапонија.
Се гледа густ чад како се шири во авионот, а патниците носат маски.
Авионот се судри на пистата со авион на јапонската крајбрежна стража, претходно јавија јапонските медиуми, повикувајќи се на Министерството за транспорт.
Пријавено е дека пет лица од авионот на крајбрежната стража се мртви. Тешко е повреден пилотот на авионот, еден од шестмината во екипажот на леталото на крајбрежната стража.
Летот 516, на патничкиот авион на “Џапан Ерлајнс“, што сообраќаше од Хокаидо, во северна Јапонија, за Токио, се судри со другиот авион, потоа се запали на пистата и на крајот целосно изгоре. Во авионот имаше 367 патници и 12 членови на екипажот, и сите успееја да го напуштат леталото и безбедно да се евакуираат.
Според телевизиската станица ТБС, авионот на крајбрежната стража превезувал материјал за зоната на земјотресот на западниот брег на земјата, каде досега најмалку 48 лица го загубија животот.
На снимки од ТВ станицата ТБС се гледа како патниците од патничкиот авион се евакуираат од леталото преку гумен лизгач за итни случаи, во време кога спасувачките служби од аеродромот изведуваат операциите на гаснење на пожарот.
Сите писти на токискиот аеродом се затворени, соопшти Министерството за транспорт.
死ぬかと思った pic.twitter.com/S7rDPmyssl
— あ (@alto_maple) January 2, 2024
Фото: EPA-EFE/JIJI PRESS JAPAN OUT EDITORIAL USE ONLY/
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Медведев: Иран го гледа опстанокот во нуклеарната…
Заменик претседателот на Советот за безбедност на…
Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе…
Војната меѓу Израел и Иран ќе има…
Ова ли е тоа тегнење за уши?…
Судот во Струга го прогласи за виновен…
Во Битола годинава 238 првачиња помалку од…
Новата учебна година во Битола ќе ја…
„Аксиос“: Неуспешен обид за организирање нов состанок…
Претседателите на САД, Доналд Трамп и Реџеп…