(Видео) Заменик-градоначалникот на Град Скопје и секретар за меѓународна соработка на ГРОМ во официјална посета на Кина – Ова се деталите

t

Заменик-градоначалникот на Град Скопје и секретар за меѓународна соработка на партијата ГРОМ, Александар Трајановски, изминатава недела беше во работна посета на Народна Република Кина, каде, како што соопштува, остварил важни средби со бројни странски делегации.

– Изминатава недела имав навистина ретка привилегија да ја посетам Народна Република Кина.

Како дел од Делегацијата претставници на земјите од Централна и Југоисточна Европа имавме прилика да ги посетиме главниот град Пекинг, најголемиот град Чонгцинг(34 милиони жители) и Шангај, центарот на кинеската економија и бизнис.

Во оваа работна посета присуствувавме на два многу важни настани “Belt and Road Conference of Science and Technology Excange” и “6th China International Import Expo”.

Нашата делегација имаше средби со високи претставници од централната и локалната власт во сите градови кои ги посетивме.

Дополнително нашите домаќини ни овозможија да посетиме и неколку индустриски и производствени капацитети од повеќе различни индустрии како информатичката и автомобилската, а имавме можност да посетиме и видиме неколку знаменитости и обележја од културен, напреден технолошки и архитектонски карактер.

Народна Република Кина е двигател на новата технолошка генерација и напредок, но она што треба да се истакне е дека тие својата напредна технологија сакаат да ја споделат со светот. – напиша на Фејсбук заменик-градоначалникот Трајановски.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Парада на гордоста во Скопје на 21…

Шестата по ред Парада на гордоста ќе…

Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…

Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…

Трамп: САД постигнаа трговски договор со Кина!

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е…

Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…

Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…

Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…

Целта на Пекинг е да ги најави…