(Видео) За лошата состојба со пожарите да има одговорност, Владата на Мицкоски целосно потфрли

t

Состојбата со пожарите низ државата е алармантна и излезена од контрола. Владата и надлежните институции целосно потфрлија и задоцнија во реакцијата со што дозволија да изгорат околу 1500 хектари зеленило ширум државата, а само во неготинско преку 1000 хектари на планината Серта, истакна на прес-конференција пратеникот на СДСМ, Миле Талевски.

– Денес јавноста треба да ги знае фактите бидејќи тие нема да гу слушнете ниту од институциите, ниту од Мицкоски и неговите мегафони.

Пожарот во неготинско е започнат на 9 јули во 11 часот. До 13 јули на полноќ, односно цели 4 и пол дена откако СДСМ реагираше заедно со граѓаните дека состојбата е алармантна, не беше прогласена вонредна или кризна состојба. Со тоа директно се оневозможува барање на помош од странство. Цели четири дена до 13 јули до полноќ Владата ја игнорираше кризата која сега прераснува во еколошка катастрофа.

Од 9 до 13 јули, месното население, со многу слаба организација и поддршка се бори со огнот за да се спасат селата Пепелиште и Восјанци. За цел тој период, односно 9,10 и 11 јули градоначалникот на Неготино, Горан Стојков се сонча во Грција на одмор. На ум не му паѓа да се врати во Неготино. Тој не е присутен ниту на вонредната седница на советот на 10 јули, ниту за време на формирање кризен штаб. Неверојатна неодговорност на ВМРО-ДПМНЕ.

Согласно информациите, за прв пат дури на 14 јули започнува реална организација околу гаснење на пожарите, или точно пет дена откако е почнат пожарот. Во тој момент според локалното население веќе се изгорени 1000 хектари површини.

Ова се почитувани граѓани фактите околу пожарот во неготинско. Одговорноста за катастрофата е кај институциите во доцната реакција и слабата организација и кај ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кои не знаат каде тераат откако ја преземаа власта.

Додека граѓаните апелираа по социјалните мрежи, а СДСМ јавно бараше брза реакција, Мицкоски реши дека е подобро да оди во Охрид да фрла лопати околу да се грижи за безбедноста на граѓаните. Доколку кризниот штаб му беше приоритет на Мицкоски, а не лажните промоции на проекти, можеше да се спаси поголем дел од она што сега е уништено.

Во целата ситуација Претседателката Сиљановска исчезна и се занимава со протоколарни средби. Се што дознавме е дека Сиљановска не можеле да ја најдат два дена да ги потпише одлуките за прогласување на кризна состојба. Лежерноста и негрижата на ВМРО-ДПМНЕ е реална опасност по здравјето и безбедноста на граѓаните.

Каде е сега Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ да одржи некој прес од теренот? Го нема.

За оваа состојба мора да има одговорност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…

Иван Стоилковиќ не е важен и не…

(Видео) Ангелов: Нема населени места загрозени од…

Нема потреба од паника и од вознемиреност…

Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…

Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…

СДСМ: Гаши да одговора!

Откако не успеаја да го скријат скандалот…

Ангелов подели признанија и плакети на дел…

Директорот на Центарот за управување со кризи…