(Видео) За три месеци ЈП Лајка третирало ист број на кучиња колку што биле згрижени во претходните две години – Штедиме средства и работиме домаќински
Директорот на ЈП Лајка, Воислав Димитровски, на денешната прес конференција ја објасни работата на претпријатието, кои проблеми биле наследени, во каква состојба е претпријатието и каква стратегија за во иднина е изготвена.
“ЈП Лајка почна да функционира од крајот на 2019 година, а претходно две години проблемот со бездомните кучиња не беше контролиран. Во тој период проблемот стигна во неконтролирани рамнки.
Самата стратегија за залови, стерилизирај, врати од 2019 година досега не била правилно спроведувана, односно имаше голм број на застоени кучиња. Беа затекнати околу 186 кучиња во време на смената на раководството, а самото претпријатие беше заробено и сега пробуваме да го ослободиме капацитетот.
Алармантна е состојбата бидејќи има периоди од два месеци кога не била спроведена ниту една кастрација.
Претпријатието работи со отворен капацитет и имаме убави бројки, ркордни бројки на вдомување на кучиња. Само во овие три месеци имаме вдомено околу 120 кучиња, а за целиот претходен период ЈП Лајка има вдомено 150 кучиња.
Ако во 2021 се обработиле околу 500 кучиња, со сегашното темпо на работа би стерилизирале околу 1000 кучиња доколку функционираме со овој заробен капацитет. Стратегијата е до крајот на годината да се стерилизираат минимум 2500 кучиња, а ќе соработуваме со ветеринарните здруженија. Така ќе бидат третирани 75% од бездомните кучиња во градот.” – вели директорот.
На новинарско прашање поврзано со договорот за адвокатски услуги со кој три адвокатски друштва се заменуваат со еден директорот одговори дека тоа е направено за да се заштедат средства и ги објави бројките кои порано биле трошени за истите услуги.
“Претпријатието го наследивме кога соработуваше со 4 адвокатски друштва, сега работи со две. Три адвокатски друштва беа заменети со ова ново друштво кое месечно работи со 50.000 хонорар, што значи ние сме заштдиле средства. Имаме и наследен договор кое истата услуга кое сегашното друштво ја дава за 50.000 денари, старото ја дава за 100.000 денари. Ние ќе работиме домаќински.” – констатираше Димитровски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Масовно труење на мачки и домашно куче…
Загрижени граѓани од скопската населба Козле алармираат…
„Лајка“ во спасувачка мисија: Од водите на…
Ветеринарите и заловувачите на ЈП „Лајка“ викендов…
Анима Мунди: Распаднати тела од кучиња и…
Распаднати тела од кучиња и друг отпад…
„Лајка“: Стоп за петардите тоа предизвикува стрес…
ЈП „Лајка“ апелира до граѓаните да се…
Во Карпош се прави прифатилиште за кучиња
Во скопската општина Карпош се спроведуваат активностите…