Турција ќе отстранува кучиња од улиците откако двегодишно девојче почина по напад од глутница
Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја денеска вети дека целосно ќе го спроведе контроверзниот закон за отстранување милиони кучиња скитници од улиците, по смртта на двегодишно девојче.
Законот, кој групите за заштита на животните го нарекоа „закон за масакр“, беше усвоен од Парламентот минатото лето, но општинските власти го применуваа само делумно, а во некои случаи воопшто не е применувам.
Двегодишното девојче Рана Ел Селчи почина откако во петокот беше нападнато од глутница кучиња скитници во градот Коња, во централна Турција. Нејзината смрт предизвика големи протести поради опасноста што ја претставуваат кучињата скитници кои шетаат по улиците и руралните области на Турција, чиј број, како што проценува Владата, изнесува околу четири милиони.
По нејзината смрт беше покрената кривична истрага, а општинските работници почнаа да ги фаќаат кучињата.
Претседателот Реџеп Таип Ердоган во саботата рече дека Владата „презема решителни чекори за да обезбеди спроведување на законот“.
Кога беше изгласан законот, најголемата опозициска партија најави дека општините во кои е на власт нема да го спроведуваат.
Законот предвидува и казни за градоначалниците кои не ги спроведуваат неговите одредби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина ќе инвестира 15 милијарди долари во…
Кина и Турција потпишаа прелиминарен договор според…
Турција планира изградба на втора нуклеарна централа…
Канадската инженерска компанија „АткинсРеалис“ потпиша меморандум за…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Испораките на руски гас за Турција речиси…
Испораките на руски гас за Турција преку…
Масакр во западна Турција, непознато лице уби…
Турската полиција трага по маж кој денеска…