Објавено на:

(Видео) Зборовите на Кети од кои горчи во душа: Никогаш не сме пробале смоки, кифли, сите јадат јас и Лука со празни раце

t

„Сите јадат, јас со празни раце – гледам и трпам, другарчињата ми се смеат дека живеам во многу стара куќа, немам ниту патики ниту тренерки“.

Ова дефинитивно не треба да биде судбина на ниту едно дете во светот, за жал, во Македонија ги има многу. 12-годишната Кети во емисијата „Срце на дланка“ на телевизија Алфа раскажа за голготата низ која минуваат таа и нејзиното семејство. Николовски кои живеат во трошна куќа во планинско село, километри оддалчено од Кратово.

Во една соба сите, и во едно корито се бањаме од 5-6 години. Во тоа се переме, и во тоа се. Немам пари за во училиште. Сите јадат, јас трпам. Тие имаат јас немам. Многу ми е тежок животот. Никогаш не сме пробале смоки, ниту кифли. Доаѓаме дома, јадеме што ќе има. Сега снемавме и вода, вели Кети.

Со градот ги спојува неасфалтиран и ископан пат, по кој не поминува автобус. Поради ова, најголемиот син Марио и таткото Благе, и да најдат, не можат да стигнат на работа. Мајката Мери е постојано со најмалото дете – 10 годишниот Лука, кој не е самостоен поради природата на неговата болест.

Колку што гледате, нема ни пат. Да падне една роса, не можеш пешки да излезеш. Немаме помош од никого. Сега девојчето е големо, бара. Сакаше да и купам патики. На рати и купив едни тренерки. Сакаат, чорапи, долен веш. Не можам да им удоволам, вели Мери.

И покрај големата оддалеченост, Благе често оди до градот пеш, да заработи за корка леб. Ниските плати се уште еден проблем плус, вели. Тоа што ќе го заработиш едвај стигнува за сметки.

Малку социјално, друго ништо, од никого не сме виделе аир. Да можам да го вработам детето, да зема 30.000 да може да заработи, а не, 10.000 кој сака нека живее со 10.000 не може. Ние никакви услови немаме. Се што сум спечалил, со десет прста, сум ги исчувал децата. За деца, колку можам ќе дадам, колку не можам, нема, вели Благе.

Петчленото семејство живее од 6000 денари – толку направила државата за болниот Лука. Јадат леб и вода, млеко од стоката или сирење, а ако некогаш им се посреќи може да си дозволат макарони. Едвај постигнуваат за сметки и скромно јадење, камо ли за лекување на малиот Лука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општина Тетово двојно ги зголеми даноците на…

Зголемувањето на даноците на имот од страна…

Директна закана од Израел: „Брзо да го…

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац…

Србија ќе изгради музеј во чест на…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…

Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…

Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…

Израел објави, 19 повредени во нападот на…

Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…