(Видео) Зошто Македонија ја нарекуваат партиска држава?
Има разлика меѓу партија и држава. Државата не ја води само партијата или партите на власт, туку сите оние кои што учествуваат во парламентот бидејќи секоја влада е влада на сите, а не само на оние кои што гласале за неа и во парламентот седи опозицијата, порача пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова на денешната собраниска седница.
Силјановска Давкова истакна дека главна забелешка за предлог член на комисијата за избори и именување прво се дискутира во комисијата, а не на пленарна седница во собранието, укажувајќи дека изјавите на претседателот на собранието се контрадикторни бидејќи едно изјавил во емисија, а утре дента се потпишал на предлогот, што според неа претседателите во парламентите треба да се крајно воздржани и да докажат дека се лица на парламентот вклучително и опозицијата.
Значи потенцирам овде главната забелешка е на постапката. Не може постапката да почне на парламентарна расправа, овде на пленарна седница, туку треба да почне во телото чии член е оној кој што се разрешува или кога ќе го бираме оној кој што треба да стане член, рече Силјановска Давкова.
Претседателите во парламентите обично се крајно воздржани и докажуваат постојано дека се луѓе на парламентот што значи и на опозицијата. Е сега вечерва да тврдите едно во емисија, а утре четири минути пред седница прв да се потпишете на предлогот значи дека нешто во меѓувреме големо се случило. Значи споредете го говорот, споредете ја снимката ќе видите дека клучот е таму, потенцираше таа.
Во однос на изборот на уставни судии, Силјановска Давкова вели дека Македонија е единствена држава во светот кој што нема закон за Уставен суд, како и дека основната цел на власта е окупација на институциите, и токму поради тоа како што рече државата ја нарекуваат партиска држава.
Ние сме единствена држава во светот која што нема закон за Уставен суд, значи да си подразмислиме ние дали не е основната цел на власта окупација на сите функции, на сите институции. Затоа нашата држава ја нарекуваат партиска држава, затоа што нема сериозни критериуми за влез во овие институции, нагласи Силјановска Давкова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) „Вмровска“ шота за прослава на Илинден…
Со албански фолклор Собранието го одбележува најголемиот…
(Документи) Илјадници народни пари потрошени на ручеци…
Шетајте луѓе, народ плаќа. Над 17.500 евра…
(Видео) Битиќи: Во најава е „Франкенштајн економија”, …
„Наместо фискална консолидација, имаме тотална фискална деструкција.…
Хактан: Владата создава паралелни структури на извршната…
Повторно се создава паралелна власт во институциите,…
Крмов: Левица наскоро ќе поднесе интерпелација за…
Левица наскоро ќе ја поднесе интерпелацијата за…