(Видео) Зошто братот на сопственикот на кафулето е без лисици?

t

Зошто братот на сопственикот на кафулето и дискотеката во која загинаа 59 лица полицијата го носи без лисици на рацете?

Претходно во судот, Обвинителството и полициската станица во Кочани сите осомничени се носеа со лисици, меѓу нив и обезбедувањето на дискотеката, поранешниот министер за економија Крешник Бектеши и поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски.

Според информации на Инфомакс, братот на сопственикот е лицето кое продавало карти без да дава фискални сметки.

Претходно на предлог на ОЈО Кочани, Основниот суд во Кочани определи мерка караткотраен притвор во времетраење од 48 часа за 17 лица. Бидејќи денес истекува мерката, Основното јавно обвинителство Кочани до надлежниот суд достави предлози за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48-часа за 16 лица досега опфатени со постапката на кои оваа мерка им истекува во текот на денот.

На уште две лица, по предлог на обвинителството, притвор им е определен во текот на вчерашниот ден и тој се уште трае. Вкупно мерката краткотраен притвор до овој момент е побарана за 18 лица.

Видео: Прес24

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Зошто братот на сопственикот на кафулето…

Зошто братот на сопственикот на кафулето и…

Бугарија: Преку 500 луѓе досега дале крв…

Над 500 граѓани во Бугарија досега дарувале…

Татко-полицаец од „Пулс“ го извади починатиот син,…

Во Кочани ништо повеќе нема да биде…

Снимка од дрон во Битола: Масовен собир…

Илјадници битолчани денеска излегоа на мирен собир…

Забрана за користење дронови на територијата на…

Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) вовела забрана…