(Видео) Зaпален автомобилот на семејството на пратеник на ВМРО

t

Доцна вечерва беше запален автомобилот на братот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески. Автомобилот, кој бил паркиран во дворот од семејната куќа бил полиен со бензин, а потоа запален, информираше Јаулески реку социјалните мрежа. Шишето со бензин било најдено веднаш до автомобилот, вели пратеникот.
Toj порача дека не се плаши и нема зошто да се плаши, и дека ќе оди до крај по истерување на правдата.

Во продолжение целата објава на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Joван Јаулески:

„Пред неколку месеци по политичка нарачка упаднаа мафијашки во мојот дом, а вечерва во периодот околу 21:15/20 часот, во семејниот дом на брат ми беше запален неговиот автомобил. Ова е со намера предизвикано од човечка рака бидејќи до автомобилот беше пронајдено шише со бензин. Ја испраскале целата кола, го фрлиле шишето запалиле и избегале. Ако ова е некаква порака за мене или моето семејство, уште веднаш да им порачам дека јас не им се плашам. Не се плашиме затоа што немаме зошто. Мојот брат, моето семејство важат за мирни и скромни луѓе, немаат лош збор со никого ниту пак имаат непријатели, затоа ова не може да се разбере никако поинаку освен обид за заплашување преку испраќање ваква кукавичка порака. Ама напротив, ниту ме заплашивте ниту ова ќе остане така.
ЌЕ ОДИМЕ ДО КРАЈ! Ќе одиме до крај и ќе видиме каков проблем има и кој има. Со ова ме правите поодлучен и посилен уште повеќе да се борам притв оваа криминална власт да си замине наскоро. Правда ќе има, ова не се заборава! Бидете живи и здрави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците

Првиот амандман, кој имаше за цел да…

Двојни аршини: Кога должи фирма на министер…

Долг на фирма не е кривично дело,…

„И лавот му рече на орелот мјау“:…

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…

(Видео) Николова: Мицкоски без грам совест и…

Предложениот ребаланс на буџетот не ветува дека…

Крајно време е Максим Димитриевски да излезе…

Невидено во унитарна држава! Министерот за здравство…