(Видео) Ивановска: Актуелниот состав на ДКСК имаше низа грешки во случајот со Бојан Христовски!

Актуелниот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата имаше серија грешки во случајот за директорот на АНБ, истакна поранешната претседателка на ДКСК Билјана Ивановска во гостување во поткастот „Политиканти“ на Инфомакс.
– Прво, работеа случај дали директорот ги исполнува условите. Излезе одлука што имаше архивски број 09, што значи дека се работел во одделение за судир на интерес, а овде станува збор за корупција. Прво грешка во чекори, второ го работи член на комисијата која е работи на тој Универзитет, тоа беше потценување на интелигенцијата на народот. Па рекоа не се одговорни да кажат за сертификатот (за познавање на англиски јазик), а ние имаме две осудени лица за таков сетификат. И на крајот, гледам во објавената одлука, дека стручната служба не е потпишана, објаснува Ивановска.
Во ревизија имате грешки кои се делат на намерни и ненамерни грешки. Намерна грешка е кога знаеш, не дека немаш знаење, но намерно ја правиш грешката, објасни Ивановска која додаде дека според неа ова е намерна грешка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДКСК казни 86 поранешни и актуелни функционери,…
Државната комисија за спречување на корупција објави список со…
ДКСК донела одлука: Наскоро ќе знаеме дали…
Пред четири дена, на 21 февруари, Државната…
(Видео) Ивановска: Актуелниот состав на ДКСК имаше…
Актуелниот состав на Државната комисија за спречување…
СДСМ: Скандалозна е одлуката на Антикорупциска за…
Скандалозна е одлуката на ДКСК во однос…
ДКСК со ново соопштение: Просветниот инспекторат е…
ДКСК како институција, при разгледување на секој…