(Видео) Изгоре 5% од територијата на Македонија, итна оставка од Тошковски за потфрлањето со пожарите

Тажно е да се гледа катастрофата што се случува со пожарите кои беснеат повеќе од еден месец. Опустошени се 5% од вкупната територија на Македонија! – велат од СДСМ на денешната прес-конференција.
– Горат македонските шуми и национални паркови. Досега се изгорени над 1.200 километри квадратни шума. Тоа е 16 пати повеќе во споредба со лани!
Во Македонски Брод, во околината на селата Брезница и Тажево над 25 дена гори боровата шума на над 5000 хектари. Пожарот се шири кон Јасен а опожарената област е долга над 11 километри.
Изгоре и Галичица. Пожарот веќе 10 дена беснее и се префрли на охридската страна на планината. Се уште има активни над 12 пожари според официјалните информации.
Владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ пофтли целосно во справувањето со пожарите и за тоа мора да има одговорност.
СДСМ неколку пати апелира дека Тошковски е целосно неспособен да управува со Кризниот штаб и тој мора да поднесе оставка. СДСМ неколку пати апелира Мицкоски сериозно да се насочи кон управување а не ПР, но тој одбива. Бараме итна и неотповиклива оставка на Тошковски и целосна консолидација и фокус на сите институции кон кризата. Бараме конечно одговорност од сите инволвирани!
СДСМ во целиот изминат период, конструктивно и одговорно, не сакаше да ја подгрева тензијата и да ја напаѓа Владата оставајќи ги институциите да работат. Но, состојбата со која се соочуваме е пресериозна и во голема мера последица на неодговорно и ноншалантно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Владата.
Одговорен премиер и одговорен министер, при ваква состојба секојдневно ќе бидат во кризниот штаб и ќе управуваат со институциите. Наместо тоа, тие се бават со дневно политички ПР и лажни промоции со цел да ја дефокусираат јавноста. Страшно, жално и крајно незрело е однесувањето на Владата кон целата состојба.
Според нашите инфомрации, лошата координација со воздухопловите и спорото делување на институциите, за што со денови предупредувавмем се покажува како најголемо потфрлање на Управувачкиот комитет за системот за управување со кризи со кој раководи Тошковски.
Понатаму, Тошковски потфрла и во превенцијата и во фаќање на оние кои намерно ги подметнуваат пожарите.
СДСМ уште еднаш бара Мицкоски да го стави интересот на граѓаните на прво место и Тошковски веднаш да биде сменет. Ова што се случува е недозволиво! Мора побрзо да се делува и да се зголеми ефикасноста на институциите. – вели Кузеска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иван Нисов се огласи од Полска: Состојбата…
Еден од повредените во страшниот пожар што…
Шести април нов датум за реизбор на…
Според најавите, ќе се дебатираат актуелните политички…
Шести април нов датум за реизбор на…
На шести април СДСМ ќе ги оддржи…
СДСМ целосно ги поддржува барањата на граѓанското…
СДСМ целосно ги поддржува барањата на граѓанското…
Се врати во Македонија првиот од 115…
Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…