(Видео) Инфомакс го „препороди“ Костадинов: Претседателот на бугарската националистичка „Преродба“ ги гледаше „жирафите“ ама не можеше да потврди дека постојат

t

Екипата на Инфомакс денеска го „препороди“ претседателот на бугарската партија „Преродба“, Костадин Костадинов.

Го прашавме дали сега се увери дека постои македонски народ, јазик и држава кога дојде во Скопје и ги виде, но уште еднаш се потврди изјавата на поранешниот бугарски претседател, Тодор Живков дека Бугарин не е националност туку дијагноза.

Тодор Живков еднаш рекол – Бугарин не е националност туку дијагноза …

На времето кога им донеле патувачки циркуз во Софија имало жирафа. Зинале Бугарите, го прашуваат главниот – што е ова? Им вика – жирафа, ова е афричко животно со долг врат што јаде лисја од врвот на дрвата. Бугарите гледаат зачудено и викаат – Не! Њама такива животно!

Тоа е таа дијагноза. Го гледа животното и тврди дека не постои.

Костадинов го гледа македонскиот народ пред себе и тврди дека не постои, го слуша македонскиот јазик и вели дека нема таков јазик, а за крај вели дека Бугарија е од Охрид до Црното Море. Сепак тој не објасни како ќе го оствари својот сон за Голема Бугарија имајќи во предвид дека никој во Македонија не сака да живее во заедничка држава со Бугарија.

Суштината на ова видео е целата македонска јавност да разбере со кого и за што Македонија преговара во Бугарија. Иако не сакаше да признае Костадинов дефакто го оспорува основното човеково право на самоопределување со што дефакто Македонија во спорот со Бугарија преговара за основното човеково право, нешто што е недозволиво.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Светот очекува дали и како Иран ќе…

Светот го очекува одговорот на Иран откако…

Бритиш Ервејс ги откажа летовите до Дубаи…

Британскиот авио-гигант „Бритиш Ервејс“ ги суспендира летовите…

Момче од Штип било принудувано да зема…

На 21.06.2025 во 18.10 часот во Штип,…

На Богородица и Табановце од македонска страна…

На граничните премини Богородица и Табановце, од…

САД ја повикуваат Кина да го одврати…

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска ја…