(Видео) Инцидент во Кочани – за време на протестот, возило им го пресекло патот на родителите на загинатите
Денеска како и секоја сабота во 18:05 часот, се оддржа протест во Кочани, организиран од семејствата на починатите во дискотетката „Пулс“
За време на протестот во Кочани, организиран од семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, дошло до инцидент кога возило им го пресекло патот на демонстрантите, и тоа и покрај полициското присуство, јавува Радио Канал 77.
Како реакција, семејствата целосно ја блокирале крстосницата во близина на полициската станица во градот. Тие побарале од Министерството за внатрешни работи да го идентификува и санкционира возачот кој го предизвикал инцидентот.
Протестите на родителите продолжуваат како дел од „Маршот на ангелите“, со целосна решеност да се обезбеди правда за нивните деца.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Инцидент во Кочани – за време…
Денеска како и секоја сабота во 18:05…
Лишени од слобода двајца возачи од Кочани…
Лишени од слобода двајца возачи на подрачје…
Напад на полиција во Чаир, семејство со…
Насилен инцидент проследен со обид за вооружен…
МОН ќе прави анализи дали е потребна…
МОН ќе направи анализа дали е потребно…
Апел од граѓани на Кочани за „нелегален,…
На социјалните мрежи се шири Апел од…