Лишени од слобода двајца возачи од Кочани и Берово, возеле под дејство на алкохол
Лишени од слобода двајца возачи на подрачје на СВР Штип, управувале возила под дејство на алкохол и предизвикале сообраќајни незгоди
На 06.08.2025 во 19:30 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода А.М.(58) од Кочани. Околу 18:00 часот на ул.„Гоце Делчев“ во Кочани, тој со возило „мерцедес“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило „форд“ со кочански регистарски ознаки, а при вршење увид било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,93 промили алкохол во крвта.
На 07.08.2025 во 03:20 часот на регионалниот пат Берово-Делчево, во атар на с.Чифлик, беровско, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Берово ја лишиле од слобода В.К.(23) од Берово. Управувајќи возило „матиз“ со беровски регистарски ознаки на патот, околу 02:50 часот, таа изгубила контрола и излетала од патот, а при вршење увид било констатирано дека го управувала возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,59 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите, против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“ .
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР најави зголемена употреба на дронови за…
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека…
МВР: Две кумановки и пет банкарки осомничени…
Од МВР информираат дека е поднесена кривична…
МВР во врвот на најтранспарентните министерства: 75,90%…
Министерството за внатрешни работи бележи подобрување во…
Голема полициска акција: Претреси на над 40…
Криминалистичката полиција повторно е на терен, каде…
„50 пати на улица и во судница,…
Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…