Објавено на:

(Видео) Кадиров лично бил на 20 километри од Киев? – Ги поздрави нацистите

t

Чеченскиот лидер, Рамзан Кадиров, тврди дека пристигнал во Украина. Во видео-порака објавена преку апликацијата „Телеграм“ Кадиров вели дека пред неколку дена се наоѓал во непосредна близина на непријателските сили во Украина на место каде што се воделе жестоки борби меѓу руските и украинските сили.

-Пред некој ден бев на околу 20 километри од вас, киевски насцисти, а сега сме уште поблиску…Ќе додадам уште една интрига: можеби сме веќе во Киев и само ја чекаме потребната наредба, вели Кадиров.

Тој истовремено упати закани до украинското раководство со повик да ја смени страната.

-Можете да се опуштите на минута и да не не барате, ние по секако ќе ве најдеме, продолжува Кадиров кој е лојален соработник на рускиот претседател Владимир Путин.

Кадиров повеќе од десет години суверено владее со руската Република Чеченија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Станала директорка со лажен сертификат за познавање…

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање…

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни…

Двајца руски војници се приведени под сомнение…

Макрон: Европа мора да покаже дека не…

Европа мора да покаже дека не е…

Кина до САД: Не смеат да се…

Светот гледа дали Кина и САД заедно…

Двајца Срби, членови на бандата Пинк Пантер…

Полициски службеници од грчкиот Оддел за гонење…