(Видео) Митовски: Како да знаеме дека човекот чијашто кафана е затворена не бил жртва на наместен случај?

t

Во втората епизода од втората сезона на Тешки муабети со Милош Милошевски и Јанко Илковски на Инфомакс, се коментираше за случајот на човекот кој имал кафана и имал гости со лажен сертификат и затоа сега неговата кафана е затворена и треба да плати казна.
Милош истакна дека самата емрка е бесмислна бидејќи сертификатите немаат никаква сигурност.

“На човекот од видеото пред некој ден му дошле четворица со лажни сертификати и сега треба да плати 7000 евра, а човекот има кредит кон државата за да дели редовни плати во време на ковид криза. Јас имав информации дека инспекцијата била од Струмица. А самата мерка е идиотизам пар екселанс, најголемите експерти во државата велат дека сертификатите немаат никаква сигурност и ги лажат луѓето дека не можат да се заразат.” – рече Милош.

Јанко дополни дека е необично што токму во моментот кога четворица со лажни сертификати влегле во кафеаната, влегла и инспекција, што сугерира дека се работи за местенка.

„Сум бил во кафана многу пати за време на кризава и досега никој не ми проверил валидност на сертификат, не сум ни видел проверка на нечиј сертификат. Како одеднаш таман кога има четворица гости сите со лажен сертификат, доаѓа инспекција за да провери, јас мислам дека ова е класична намештаљка. Дополнително нека ми објасни некој како келнер може да провери сертификат?Не може.” – кажува Јанко.

МИтовски коментираше дека казнувањето е селективно и дека до сега не сме чуле некој да биде казнет во во Кондово, Шимшево и слично.”

„Од каде да знаеме дека тие четворица не биле таму сам како провокатори за да го казнат сопственикот. Ние имавме ситуација во време пред локалните избори кадешто снимавме спот, газдата на кафаната кедешто снимавме објаснување дека не може дерман да види од инспекции кои му ги пуштале да го казнат затоа што го сметаат за поддржувач на ВМРО. Нема да ме чуди и ова да е наместено за да го затворат човекот. Јас не слушнав за казни во Кондово, Шимшево и слично.” – вели Александар Митовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пожар на Скопско кале во близина на…

Шест пожарникари со две противпожарни возила денеска…

Мојсоска: Вмровската судијка Даниела Димовска, асистентка на…

Вмровската судијка ДАНИЕЛА ДИМОВСКА денес Судскиот совет…

СДК: Избледеа велопатеките во Битола, од „Паркинзи“…

За многу кратко време избледе црвената боја…

Противпожарно возило остана без вода среде интервенција…

Возило на противпожарната единица остана без доволно…

Голем пожар во Кочани, изгоре куќа

Во пожар што избувна околу 14 часот…