Противпожарно возило остана без вода среде интервенција во Кочани
Возило на противпожарната единица остана без доволно вода за време на интервенција, објави Фејсбук страницата „Кочани“.
Целосната објава во продолжение:
Еве зошто зборуваме за тоа зошто се штетни дивоградбите и зошто секој треба да се грижи за чистотата околу својот двор. Ѓубрето, некосената трева и запуштените површини претставуваат директен ризик од пожари и други проблеми.
Погледнете го видеото: противпожарното возило останува без вода среде интервенција, додека куќата продолжува да гори. Зарем ова не е доволен доказ колку сме нефункционален систем?
Имаме десетици службени возила во општината, но немаме исправни противпожарни возила. Немаме ниту доволен број пожарникари. Ова е директна последица на системот кој со години го негуваме партискиот систем што им служи на поединци, а не на граѓаните.
Наместо инвестиции во јавна безбедност и заштита, средствата одат за партиски интереси и лично богатење.
Ако продолжиме вака, ќе продолжи и трендот на иселување на младите. Ќе останат само постарите, кои немаа храброст да му се спротивстават на овој заробен систем.
Треба да ја разјасниме една важна работа вината не е во пожарникарите. Тие, иако работат во многу тешки услови, секој ден покажуваат дека се наши хероји. Тие прават што можат со ограничените ресурси што им се на располагање. Проблемот е во системот што ги оставил без потребната опрема и поддршка.
*ЛИНК од видеото и објавата на „Кочани“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Работна средба во Општина Делчево за проектирањето…
Во просториите на Општина Делчево се одржа…
Родителите на загинатите: Ако надлежните навреме постапеле…
Адвокатот Петре Шилегов повторно бара Јавното обвинителство…
Израелски хирурзи повторно дојдоа во Македонија за…
Израелските хирурзи од Шеба повторно во Македонија…
Голем пожар во автобуска компанија во Кочани
Голем пожар утрово ја зафати автобуската компанија…
„50 пати на улица и во судница,…
Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…