(Видео) Како може лидер да не ја знае историјата на својот народ?!

Лидер е човек кој тоа што ветил го исполнува, нашите се лажговци и шарлатани, вели во денешното гостување во Тешки муабети професорот Љубомир Гајдов, коментирајќи го општото непознавање на историја од “лидерите” на партиите, посебно легендарниот пример на Мицкоски за “Хаџи Арсов”.
– Медиокритет е прашање на карактер, ова не е прашање на карактер, туку на едукација, тие не читале затоа што мислеле дека не им треба. Како може некој да биде лидер на нација без да знае сопствена историја, култура на својата нација, не ги знае тие големи ликови, без да има визија. Јас тоа сум предавал на Правен факултет. Лидер е човек со карактер, интегритет, тоа што зборува да го направи, а нашите се лажови.
Кога ќе споредите во цел свет, не само овде, ветуваат, а ништо не спроведуваат, тоа се демагози, луѓе кои го лажат народот, клептократи, крадат, шарлатани, тоа е трагедијата. Не може еден таков човек да му каже на еден државник од свет “не може”, вели Гајдов.
Целата емисија следете ја во продолжение:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски ќе ги посети повредените во пожарот…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе…
СДСМ: Заледен автопат, неспособноста на ДПМНЕ е…
Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ со справување со последиците…
Калајџиев: Кој им дава право на политичарите…
Ако влијанијата на политиката врз судството се…
Советник од Левица: Дали Мицкоски забранил исплаќање…
- Откако платите на функционерите беа зголемени…
Калајџиев: Политиката е таа што го корумпира…
Професорот Гордан Калајџиев говорејќи за реформите во…