(Видео) Картелите придонесуваат за дополнителна инфлација, некој се богати на грбот на народот

За да се справат со последици од Ковид-кризата, затворањето на производствени капацитети се искористија мерки со коои се интервенираше на страната на побарувачката, се зголеми паричната маса, се испечатија нови количини на парични средства во водечките економии и тоа значи нужно по определен временски период инфлација.
Таа инфлација не е само во Македонија туку и во ЕУ и САД. Има елементи на увезен карактер, енергенсите пораснаа поради украинската криза, но доколку се спореди инфлацијата во Еврозоната на годишно ниво и во Македонија има разлика, а денарот е врзан со верото.
Една од, според мене, причините е и во изолираноста на нашата еконмија и во постоењето на т.н картелски принцип на усвојување на цените. Има инфлација, но прашањето е зошто кај нас е повисока од Еврозоната или во регионот, тоа значи дека некој дополнително заработува на сметка на граѓаните и неопходно е да постои некаква контрола на државата иако не сум приврзаник на стриктна контрола на државата но таа мора да го заштити стандардот на граѓаните.
Секоја држава треба да осмисли концепт за спатувување со инфлацијата, да се намали дефицитот, поттикнување на инвестиции, зголемување на каматите и разбивање на тие картели, вели Миновски кој објаснува како државата може да се справи со споменатите картели:
– Имаме механизми за справување, антимонополистички закони за првпат се донесени во САД. Ние имаме комисија за заштита на конкуренцијата, таа може да влијае и да ја следи состојбата во одредени сегменти. Тоа не е државен интервенционизам, туку стимулација на конкуренцијата, објасни Миновски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се врати во Македонија првиот од 115…
Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…
ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…
Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…
„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…
Трагедијата која го погоди Кочани и целата…
Факултетско студентско собрание на Филозофскиот факултет при…
Независно Студентско Собрание при УКИМ соопшти дека…
(Возневирувачко видео) Се прошируваат гробиштата во Кочани,…
Гробиштата во Кочани се прошируваат за да…