Објавено на:

(Видео) Кличко до Зеленски: Каде е ПВО за Киев и каде се милијардите?

t

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, денеска се појави пред Врховната рада, откако беше повикан да одговара за подготовките на украинската престолнина за претстојната зима и за заштитата на критичната инфраструктура.

Кличко ги отфрли обвинувањата дека градските власти не го подготвиле Киев за зимската сезона и возврати со прашања до централната власт за противвоздушната одбрана и средствата издвоени за заштита на енергетските објекти.

„Каде е противвоздушната одбрана за заштита на главниот град? Каде е заштитата на објектите на ‘Укренерго’? Каде се милијардите што беа издвоени за тоа?“, порача Кличко од собраниската говорница.

Тој истакна дека Киев функционира во услови на постојани руски напади, при што бројот на погодоци врз топлинските и енергетските објекти значително се зголемил. Според Кличко, градот обезбедил стотици генератори, мобилни котларници и дополнителни резервни извори на електрична енергија и вода.

Кличко истовремено тврди дека критиките кон него се дел од обид за негово отстранување од функцијата и слабеење на локалната самоуправа. Тој ги оцени како неосновани обвинувањата дека Киев не е подготвен за грејната сезона и нагласи дека градоначалникот не е надлежен за противвоздушната одбрана на главниот град.

Тензиите меѓу Кличко и централната власт се засилија откако претседателот Володимир Зеленски јавно ги критикуваше подготовките на Киев за зимата, во период на засилени руски напади врз украинската енергетска инфраструктура.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Топ ченел: Претседателот на Советот на Чаир…

Форумот на исламската младина во Северна Македонија,…

Јаковлева: Агенцијата за разузнавање не најде информации…

Директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева,…

Имало решение: Девојчињата од Ѓорче Петров, кои…

На четирите тинејџерки против кои се водеше…

Граѓани снимиле камион како истура отпад кај…

Жители на скопската општина Аеродром реагирале откако…

За да нема голем ценовен скок на…

Владата ќе настојува струјата за македонските граѓани…