(Видео) Ковачевски: Граѓаните ќе живеат во ЕУ горди, со македонски јазик и идентитет и уште побогати!
Урсула Фон дер Лајен е еден од најголемите пријатели на Македонија, истакна на почетокот на денешната заедничка прес-конференција со претседателката на ЕУ, Урсула Фон дер Лајен, премиерот Димитар Ковачевски.
– Процесот на евроинтеграции е составен од две патеки, едната е политичка, другата е економска. Зголемената економска соработка двојно ќе го зголеми растот на економиите, а можностите се навистина огромни.
Можност за отворање на пазарот на ЕУ за македонски производи, со што би биле елиминирани трговските бариери, ќе се зголеми опфатот за бесцарински увоз и извоз, се признаваат квалификациите на професионалците, ние со Берлинскиот процес опфативме седум професии, тоа ќе се прошири, се реализира тарнспортот, се отвораат дополнителни можности за развој на процесите во енергетиката, ние се стремиме да бидеме енергетски независна држава. Ќе можеме вистински да се потпреме на нашите европски пријатели во однос на енергенсите и се намалуваат цените во роаминг. Ги отвораме вратите пред нас и чекориме заедно кон ЕУ.
Непобитен е фактот дека евроинтеграциите се многу важни за државата, бидејќи ни се овозможуваат и финансиски средства, досега имаме 3,3 милијарди евра средства од ЕУ, истакна премиерот.
Ковачевски додаде дека влез на Македонија во ЕУ е желба на граѓаните и очекува истата да се исполни.
– Европскиот начин на живот е желба на граѓаните, денес ние сме држава членка на НАТО, со отпочнати преговори со ЕУ. Пред само година дена сите се прашуваа дали Македонија може да ги орпочне преговорите со ЕУ, денес покажавме дека можеме.
Ние сме транспарентна земја, земја во која социјалната правда е основен принцип на кој се работи и резултира со 100% повисока минималн аплата, 40% покачени пензии, просечна плата која пред неколку години беше незамислива за нашите граѓани.
Верувам дека оваа земја и нашите граѓани можат многу повеќе и подобро и дека ќе направат се за европската иднина.Членството во ЕУ до 2030 година е амбициозна и достижна цел, на Македонија ѝ е потребна интеграција, а не изолација.
Нашите граѓани ќе живеат горди во ЕУ, со македонски јазик и идентитет и уште побогати и со повисок стандард, истакна Ковачевски и им се заблагодари на сите европски дипломати во Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…
Техничката влада е дефинирана согласно закон и…
СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…
Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…
Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…
Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…
Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…
Економската соработка и интеграцијата на земјите е…
Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос
Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…