(Видео) Ковачевски: Заврши времето на изобилие со електрична енергија во Европа – Да се продолжи со мерките за штедење!

t

Економско-енергетскиот совет на Владата заврши со својот состанок и донесовме неколку одлуки, истакна премиерот Димитар Ковачевски на денешната вонредна прес-конференција во Владата.

За Град Скопје на 15 октомври започнува грејната сезона, парно ќе има, нагласи Ковачевскии.

– Донесена е одлука за отпочмнување на постапка за издавање на лиценца за производство на топлинска енергија. ги повикувам Град Скопје, РКЕ и Комисијата за заштита на конкурентност во најбрзо време да дадат позитивно мислење.

Обезбедени се финансиски средства за потребните енергенси за топлинска енергија.

Во однос на електрична енергија потрошувачите ќе добјат сигурна, стабилна и континуирана испорака на ел,енерг, 80% ја субвенционнираме сметката за струја на 650.000 домаќинства, а 70.000 компании ќе добијат субвенционирана електрична енергија три пати пониска од берзанската.

Дополнително, донесовме одлука основните и средните училишта да се префрлат на регулиран пазар и сите јавни здравствени установи ќе бидат обезбедени реку ЕСМ продажба по пониска цена од берзанската.

Апелирам до сите граѓани да продолжиме со мерките за штедење, секој заштеден киловат час значат заштеден буџет, истакна премиерот.

– Заврши времето на изобилие со електрична енергија во Европа.

Утре имаме седница за пратенички прашања во Собранието. Сакам да им укажам на пратениците да се одважиме сите политички партии и конечно да се обединиме за интересот на граѓаните и пред започнување на седницата да се изгласаат Закнот со кој се обезбедуваат средства од ЕБРД, измените во законот за енергетика и законот за нафта и нафтени деривати и усвојување на кризната состојба.

Ова не е време за политички поени, нагласи Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вонредна прес-конференција на Стевчо Јакимовски!

Лидерот на ГРОМ и кандидат за шеф…

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

За половина час: Прес на Сергеј Лавров…

Следете ја фан страната на Инфомакс за…