(Видео) Ковачевски: Македонскиот народ многупати низ историјата носел тешки одлуки и секогаш победил – Ќе победиме и сега!

t

Посетата е резултат на пријателство и поддршка не на светски заговор како што вели некој друг. САД биле се и ќе бидат со нас за сите клучни процеси за земјата, беа поддршка и за членството во НАТО и сега за ЕУ, стакна на денешната прес-конференција премиерот Димитар Ковачевски.


-Сакам да искажам искрена благодарност за придонесот на САД за сите овие процеси и личните заложби на Ескобар како во однос на развојот на РМ така и за унапредување на регионалната стабилност на западен Балкан.
Разговаравме за развојот на настаните и процесот скрининг процесот, и отпочнувањето на уставните измени кои покрај ЕУ и САД го сметаат за клучен и важен чекор во обезбедувањето на европската иднина и процесот на европски интеграции. Ова е ист став како и ставот на коалицијата која ја предводи оваа влада и ставот на огромното мнозинство на македонските граѓани кои сакаат да бидат дел од ЕУ.


Ние треба да обезбедиме непречен процес кон ЕУ. Преговарачката рамка која е основа на преговори со ЕУ е документ одобрен од сите членки на ЕУ поддржан и од нашите стратешки партнери таа содржи услови за Македонија и ЕУ. Нов договор нема да има ниту пак има можност за репреговарање на преговарачката рамка.
Таа реторика се помалку ја користат по сите деманти кои ги добијам со оваа рамка која е одобрена во собранието и како што сме повредиле имаме целосна заштита на македонскиот јазик и идентитет можност за градење на подобри и пооросѕњорирњт и општество. Билатералните односи со. Бугарија нема да влијаат на процесот и нови барања не може да има и секогаш ќе ја имаше поддршката на нашите искрени пријатели
Јасна е пораката од САД, треба Македонија да стане членка на ЕУ бидејќи ЕУ е единствена алтернатива и е директен интерес на граѓаните .

Верувам дека по успешно започнатиот процес на уставни измени во Собранието пратениците ќе се одважат и ќе донесат храбра одлука . Секој друг исход е неизвесна иднина за Македонија.

Македонскиот јазик и идентитет се целосно заштитени.
Целото европско законодавство се преведува на македонски јазик, вели Ковачевски.

Не донесувањето на уставните измени не само што ќе не втурне во непосакувана позиција. Догодина има избори и кај нас и во ЕУ и во САД. Тогаш ќе се изгуби моментумот на процесот и поддршката која денеска ја имаме на највисоко ниво.

Јас како премиер коалицијата која ја предводам и министрите ќе направиме се согласно со законите во државата Македонија да оди напред. Ќе направиме се за граѓаните да се европски граѓани кои живеат во Македонија не со пасоши на туѓи држави.

Низ историјата се донеле многу тешки одлуки и македонскиот народ секогаш излегувал како победник. По уставните измени повторно ќе победиме, истакна Ковачевски.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…

Економската соработка и интеграцијата на земјите е…

Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос

Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…