(Видео) Ковачевски: Ние знаеме кои сме, Македонци што гооврат Македонски јазик – Исполнет е аманетот на Мисикров и Конески

t

Исполнет е аманетот на Крсте Петков Мисирков и Блаже Конески, истакна во денешниот говор по повод 70-годишнината од постоењето на Институтот за македонски јазик.

-Ние знаеме кои сме, Македонци што говорат свој македонски јазик!

Денес, одбележуваме 70 години постоење на Институтот за македонски јазик и 120 години од објавувањето на делото „За македонцките работи“. Го почитуваме нашиот македонски јазик и нашето културно наследство.

Како горди Македонци, успеавме да оствариме една од најголемите цели.

Нашиот јазик официјално е признаен во рамките на Европската Унија, а нашите европски пријатели од германскиот Бундестаг со Резолуција го признаа нашиот засебен македонски јазик, култура и идентитет.

Продолжуваме одлучно по нашиот европски пат. Со признаен и заштитен македонски јазик и култура чекориме кон нашата врвна цел, полноправно членство во ЕУ! – рече Ковачевски.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…

Економската соработка и интеграцијата на земјите е…

Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос

Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…