(Видео) Ковачевски: Убеден сум дека Конески би се чувствувал гордо бидејќи македонскиот јазик е признаен и заштитен!

t

Денес е голем ден за Македонија и македонскиот народ, денес го потпишавме договрот ФРОНТЕКС на македонски јазик, без ѕвездички, без фусноти и без додавки. Без нејасни формулации, чист македонски јазик. ЕУ ни докажува дека е веродостоен партенер преку испорачување на ветеното., нагласи на денешната заедничка прес-конференција премиерот димитар Ковачевски, во присуство на претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен.

– Претседателката Фон дер Лајен вети дека договорот ќе биде потпишан на македонски јазик, јас пред тоа истото го ветив на македонските грѓани, го исполнивме ветувањето, нагласи Ковачевски.

– Пропаднаа лагите , а граѓаните денеска видоа кој е веродостоен партнер кој ќе ги изнесе на европскиот пат, а кој сее манипулации и несигурност за да ја поткопа довербата, вели Ковачевски алудирајќи на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и додаде дека целото законодавство на ЕУ се преведува на македонски јазик.

– На овој начин ја заокружуваме акцијата на нашите предци за еманципација на македонскиот јазик. Ако јазикот е нашата татковина, а нашиот јазик е признаен меѓу европските јазици, за што доказ е договорот ФРОНТЕКС, тогаш, по членството во НАТО ова е комплетното признание на макеоднксиот јазик што го очекувавме и осигуравме со почетокот на преговорите со ЕУ.

Јас сум убеден дека Конески денес би се чувствувал подеднакво горд за заштитата на нашиот јазик, нашата татковина, вели Ковачевски.

– Македонија направи многу одлучни чекори кон ЕУ, ние како влада донесовме храбри но тешки, визионерски одлуки кои беа сериозен компромис но таа одлука мораше некој да ја донесе бидејќи нема ништо поважно од иднината на нашите деца, рече Ковачевски и додаде дека тоа е најпатриотското нешто кое можело некој државник да го направи.

Ковачевски вели дека немал помачно искуство во животот од преговорите со ЕУ. Некој ако мислел дека мене ми е лесно погрешил и јас сум човек, но некој мораше да ја донесе одлуката а иднината на оваа и иднината на генерациите на нашите деца кои доаѓаат.

– Кога сте на моја позиција вашата обврска е да не мислите само на себе туку на сите освен на себе, вели Ковачевски. Нема алтернатива, ниту никој во 31 година независнот понудил алтернатива на членството во ЕУ.

Има многу пречки на патот но на крај на тој пат е големата награда, додава премиерот кој вели дека кога ќе биде остварена таа цел граѓаните ќе живеат во европска држава, ќе бидат горди и побогати, а институциите ќе бидат европеизирани.

Тој нагласи дека ова не е задача на една партија, туку на сите и ја повика опозицијата да се обедини со власта и да поддржи уставни измени. Според Ковачевски не смееме да дозволиме ЕК да нотира дека опозицијата блокира европски процеси во Собранието, а додаде дека би било страшно да се блокира патот кон ЕУ поради политички игри.

Ковачевски неколку пати во текот на обраќањето нагласи дека влезот во ЕУ ќе значи подобра земја за живеење, повеќе инвестиции и побогати граѓани.

Ковачевски нагласи дека Македонија ќе продолжи да ја поддржува Украина во конфликтот со Русија и додаде дека мора да соработуваме и да бидеме солидарни бидејќи не’ очекува најтешката зима од Втората светска војна досега.

Проследете ја прес-конференцијата на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…

Економската соработка и интеграцијата на земјите е…

Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос

Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…