(Видео) Ковачки: Пендаровски ги понижи Македонците од Бугарија за да ѝ се додвори на соседната земја

t

Во денешната прес конференција, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, во одговор на новинарско прашање ја искоментира средбата на Пендаровски со Македонците од Бугарија како понижувачка кон нашето малцинство во Бугарија.

Ова е одговорот на новинарското прашање до Ковачки:

“Прашање: Ваш коментар околу средбата на претседателот Пендаровски со македонските здруженија од Бугарија.

Одговор: По однос на првото прашање во врска со средбата на претседателот Пендаровски со македонските здруженија кои што тој ги нарече здруженија на граѓани, значи се продолжува со таа анационална политика на Зоран Заев, Ковачевски, Османи во координација на Стево Пендаровски. Тоа е само блед обид за допадливост. Ги повика за да ги понижи и за да се додвори на бугарската страна. Со тоа го покажува неговото вистинско лице.”

Во продолжение, целосниот текст од прес конференцијата:

“Почитувани,

Бугарската влада соопшти дека се преговара за вметнување на Бугарите во Уставот на Република Македонија и тоа не за дали, туку кога Бугарите ќе бидат впишани во Уставот. Од друга страна, и покрај пресудите на ЕСЧП за правата на Македонците во Бугарија, изјавуваат дека нема да дозволат ниту да се признае постоењето на македонското малцинство во Бугарија, а камоли истото да биде впишано во бугарскиот Устав и истото да ги добие сите права согласно меѓународните стандарди.

Во текот на вчерашниот ден министерот за надворешни, Бујар Османи не собра храброст пред пратениците и македонската јавност да каже за што точно се преговара и што точно содржи пакетот 5+1. Бујар Османи не достави никаков писмен материјал до пратениците туку се обиде со усно објаснување да дефокусира од клучните прашања за кои е заинтересирана бугарската страна, односно за македонскиот јазик кој не сакаат ниту да го споменат, и за етногенезата на македонскиот народ.

И токму затоа, Ковачевски и Османи бегаат и не доставуваат што точно доставиле до Софија.

Од страна на Османи и Ковачевски не бил испочитуван ниту принципот за на реципроцитет, односно рамноправност којшто како Влада се обврзани да го почитуваат, а истиот произлегува од Резолуцијата изгласана во македонското Собрание.

Како и Зоран Заев, така и Ковачевски првата работа што ја прави е ветување на надворешни фактори за отворање на Уставот и негова промена. Ниту тогаш Заев, ниту сега Ковачевски нема легитимитет да преговара и договара менување на највисокиот правен акт на државата затоа што за тоа нема никаква општествена оправданост, туку истото служи за купување на уште некој ден или месец плус на власт, и претставува блед обид за глумење на допадливост.

Почитувани граѓани,

За се’ што се преговара и распродава македонската јавност и ние како политичка партија со најголема пратеничка група во Собранието, дознаваме од изјави на бугарски политичари и новинари.

Османи и Ковачевски можат да реферираат пред комисијата за надворешни работи, на затворена седница, но тие бегаат од опозицијата, исто како и од македонската јавност заради националното предавство кое го прават.

Преговори за македонскиот јазик и етногенезата на македонскиот народ не смее да има, а процесот мора да се води врз база на реципроцитет, во спротивно, Заев, Ковачевски и Османи ризикуваат поларизација на состојбата во државата за што лично ќе бидат одговорни.” – вели Ковачки

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес во Бугарија

Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…

Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија

Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…

Македонија ја прегази Бугарија за финале на…

Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…

СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците

Првиот амандман, кој имаше за цел да…

МНР: Очекуваме Бугарија да ги преземе сите…

Република Северна Македонија е силно посветена на…