(Видео) Кои биле Кирил и Методиј? Голем дел од граѓаните не го знаат одговорот!

t

Кои биле браќата Кирил и Методиј? Анкета на Слободен Печат покажа дека голем дел од граѓаните не го знаат одговорот на ова прашање:

Кои биле Кирил и Методиј?

Константин (познат под монашкото име Кирил) и Методиј се браќа родени и пораснати во Солун. Потекнуваат од угледно солунско семејство. Нивни родители биле Лав и Марија.

Методиј е роден во 826 год. Се школувал во специјални училишта за стекнување воени вештини и за извршување високи државни функции. Поради стекнатото знаење и способностите што ги поседувал, Методиј на 20-годишна возраст добил чин војвода од византискиот двор. Тој како војвода во 845 година бил испратен да биде управник на Словенското Кнежество во Македонија, кое се простирало во Струмичко-брегалничкиот регион. Задача на Методиј била да ја осигури поддршката од месното население во борбата против бугарските напади на таа територија.

Константин бил роден во 827 год. Се школувал во солунските училишта во кои оделе само децата од поимотните семејства. Како најдобар ученик, рано се школувал на Цариградскиот универзитет, каде што изучувал повеќе науки и повеќе јазици. По завршувањето на студиите Константин станал професор по филозофија на универзитетот во кој и самиот учел претходно. Како вреден и образован, стекнал голема доверба на византискиот двор.

Кирил бил монах, а Методиј епископ и архиепископ.

Во Рим, Константин тешко се разболел. Се замонашил во февруари 869 година и по педесетина дена починал. Непосредно пред смртта го примил монашкото име Кирил. Неговото тело со високи верски почести било положено во црквата „Св. Климент“ во Рим, каде што се наоѓа до денешни дни.

Методиј со добиениот архиепископски чин од папата се вратил во Велика Моравија за да продолжи со мисијата. Заедно со своите ученици, дејноста ја вршел со големи тешкотии поради силниот притисок од германското духовенство, сѐ до смртта во 885 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лифтот во кој се заглави екипа на…

Лифтот во кој се заглави екипа на…

Огромен дисбаланс на енергија забележан на Сатурн…

Научниците открија дека на Сатурн во тек…

Таткото незадоволен од успехот на ќерката и…

Во Основното училиште „Драгиша Мишовиќ“ дошло до…

Во Германија „цвета“ бизнисот со канабис

Откако Германија делумно ја легализираше марихуаната, расте…

Левица: Пензискиот фонд е доведен пред колапс

Веќе еден месец сè погласни се гласините…