(Видео) КОНЕЧНО СТРУМИЦА ДИШЕ СЛОБОДНО! Еве како се решава аерозагадувањето – ЕЛЕКТРИЧЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ И КАЗНИ

Добрата соработка и покажувањето на слух, пред се кон народот но и граѓанските организации, како што е во случајот со организацијата „Здрава котлина“, дава резултат. Денеска со гордост, но и со докази, можам да соопштам дека Струмица е првата општина во Македонија која покажува успешност во борбата со аерозагадувањето, истакна денеска на прес-конференција градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
– Во последните десетина дена Струмица е меѓу градовите со најниско ниво на ПМ10 и ПМ2.5 честички во воздухот споредено со било кој друг град од слична големина или број на население. Од 3 февруари до 19 февруари просечната загаденост на воздухот во Струмица е намалена за 50% во просек, или преку пример – ако минатата година просекот на ПМ 10 честички во воздухот се движел околу 100 ПМ10 честички на кубен метар, во првите две недели од февруари оваа година просекот се движи околу 50 ПМ10 честички на метар кубен.
Овие резултати кои планираме да се подобруваат во идниот период, се резултат на добро смислената и спроведена акција на општина Струмица што доаѓа како резултат на моето ветување дека ќе направиме се што е во наша надлежност и за кои ќе зборувам накратко во продолжение.
Од почетокот на овој месец спроведени се следните активности:
– Од 3 до 19 февруари спроведени се 46 инспекциски надзори на територијата на општина Струмица на локации кои се пријавени како потенцијални загадувачи на амбиенталниот воздух.
-Изготвени се 14 решенија за правни лица со рок за отстранување на утврдени неправилности меѓу кои и поставување на филтри, контрола на испуштање на загадувачки материи и 10 решенија за изработка на Елаборати за животна средина.
-Изречени се казни од 9000 евра за три правни субјекти и по 500 евра казна за одговорните лица во правните субјекти врз основа на член 37 став 4, казниво по член 130 став 1 од Закон за управување со отпадот.
-Девет физички лица се казнети со прекршочни платни налози во висина од 250 евра за согорување на отпад на отворено согласно член 37 од истиот Закон.
-За 5 физички лица издадени се писмени опомени.
Освен инспекциските надзори, општина Струмица активно работи и на спроведување на активни мерки за намалување на аерозагадувањето во градот, а како најсериозна мерка е и набавката на 10-те електрични автобуси со кои директно се влијае врз намалувањето на сообраќајот во општина Струмица, а со тоа и на количината на испуштање на издувни гасови.
Општина Струмица активно работи и на подобрување на секундарната гасоводна мрежа со што сериозно влијаеме во намалување на аерозагадувањето кое произлегува од согорувањето на цврсти горива за затоплување на домаќинствата, нешто што беше нотирано и во извештајот од последното испитување на територијата на општина Струмица.
Дополнително, сакам да споменам дека и изградбата на велосипедската патека која се уште не е целосно завршена и дополнително ќе се проширува опфатот, подигањето и проектирањето на нови зелени површини и ред други мерки со кои индиректно се влијае на подобрувањето на состојбата со загадувањето.
Како одговорен Градоначалник разговарав за барањата на Здрава Котлина, а кои се однесуваат на одредени законски измени. Единствен пратеник од Струмица кој пројави интерес е пратеникот Борче Цветков кој увери дека ќе организира состанок со претставници на Здрава Котлина и ќе се разгледаат можностите за одредени законски измени, или доколку има потреба и предлог на нов Закон којшто ќе даде директен резултат во справувањето со предизвикот – аерозагадување.
За крај, не можам, а да не поставам едно прашање, на точно 20 дена поминати од протестот против аерозагадувањето, со сите механизми што ги поседува централната власт, дали презема нешто и дали воопшто има план да нешто да преземе?
Струмица е наш заеднички дом, наш заеднички двор, наша заедничка гордост. Нема да дозволам никој тоа да го промени или да ни го одземе. Да не дозволиме Струмица повторно да стане лош пример. Заедно тоа го можеме! – истакна Костадинов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Костадинов: Владата за инает го блокира општинскиот…
Во екот на огромна тага и жалост,…
Во Струмица во наредните денови ќе се…
Во Струмица во наредните денови ќе се…
(Видео) Пожарот во струмичко ставен под целосна…
Предмалку го локализиравме пожарот на струмичка страна…
(Фото-галерија) Масовен мирен собир во Струмица во…
И струмичани вечерва на мирен собир оддадоа…
Земјотрес во Струмица
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките…