(Видео) Костадинов со моќна порака за Трајковски: Им пркосеше на сите, а денес нема кој не му се поклонил
Зборот пркос е зборот кој најдобро не дефинира нас струмичани. Ние сме луѓе кои не молчиме пред неправдите, луѓе кои превземаат одговорност и водат кога е најтешко, ние имаме плеќи кои можат да го издржат и најголемиот товар. Токму таков беше и поранешниот претседател Борис Трајковски коj ја предводеше Македонија кога беше најтешко, кој животот на сопствените граѓани го стави пред својот политички рејтинг, човек кој донесе тешки одлуки за кои само времето можеше да покаже и докаже дека биле исправни, истакна денеска градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов по повод годишнината од смртта на претседателот Трајковски.
Трајковски пркосеше пред светот, пркосеше во сопствената партија им пркосеше на политичките опоненти, но додека мноштвото политичари во оваа држава беа заборавени денес нема политички фактор во државата кој не положува цвеќе на негов споменик.
На денешен ден пред 21 година, Трајковски во трагична авионска несреќа го загуби својот живот, но секогаш ќе остане во сеќавањата на сите граѓани на Македонија. Почивај во мир претседателе! Вечна ти слава! – истакна Костадинов во говорот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Струмица се одржува Државното првенство во…
Од вчера до 21 јуни во хотелот…
Учениците експресно се собраа и го исчистија…
Кога се сака – се може. По…
Струмичките полуматуранти направиле хаос – Костадинов: Плоштадот…
Полуматурантите во Струмица направиле хаос на струмичкиот…
Средношколци од Струмица организираат хуманитарен настан за…
Средношколци од Струмица денеска, 9 јуни, во…
Филипче: Младите не заслужуваат ваква власт што…
Од трибината на Социјалдемократската младина на Македонија…