(Видео) Кој се тепа, не се сака: Одговорност од полицајци, обвинители и судии – побараа присутните на протестот пред МВР за убиството на Росица
Граѓани денеска попладне се собраа пред зградата на Министерството за внатрешни работи (МВР) во Скопје поради, како што велат, колективниот крах на системот кој дозволува да се случува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди.
Иницијатори за овој протест се неколку невладини организации, а повод е убиството на 31-годишната велешанка Росица Коцева и нејзиниот татко од страна на нејзиниот поранешен партнер, кој потоа се самоуби.
„Ниту една повеќе. Не врти глава на насилството“.
Упатија барања за институционална одговорност и санкции, како и оставки и дисциплински постапки за полицајци, обвинители, вработени во Центрите за социјална работа, односно за сите што биле запознаени со случајот на Росица.
Апелираа и да се направат и обврзувачки протоколи за полицијата, судството, обвинителството и Центрите за социјална работа.
Активистите посочија и дека Росица немаше да биде убиена ако се постапувало по протоколи, ако криците за помош беа слушнати, а реакциите навремени.
„Државата во која живееме создава совршени услови насилниците да просперираат, додека ние се плашиме за нашите животи“,
кажаа тие.
Протестот продолжува кај паркот „Жена борец“ во Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Кој се тепа, не се сака:…
Граѓани денеска попладне се собраа пред зградата…
Трамп: Путин ме изневери
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека решавањето…
Протест против насилството врз жените: “Ниту една…
Силен одзив на денешниот протест во 17:30…
Росица била меѓу петте малтретирани девојки на…
Убиецот на Росица од Велес бил пријавуван…
Турски државјанин повреден при извршување градежни работи…
Турски државјанин се здобил со повреди при…