Протест против насилството врз жените: “Ниту една повеќе!”

t

Силен одзив на денешниот протест во 17:30 часот на мрежите Стела, Маргини, Медуза, и Реактор пред Министерството за внатрешни работи (МВР) и кај Парк Жена Борец во 18:00 часот, како одговор на континуираното насилство над жените и фемицидите.
18/09/2025
18:15

„Застануваме на улица, бидејќи насилството врз жените и фемицидите мора да престанат!

Јавно ги обжалуваме сите жени кои изминативе години беа убиени од свои партнери, бидејќи институциите ги игнорираа нивните повици за помош,“ велат организаторите.

Тие повикуваат на јавно изразување на револт, бидејќи насилниците се слободни, додека жените живеат во страв за своите животи.

Протестот се одржува во знак на солидарност со жртвите на насилство и со барање за праведност, истакнувајќи дека насилството и фемицидите растат со години, а неодговорноста на институциите ја зголемува цената што ја плаќаат жените.

Убиството на Росица е само последниот трагичен пример за тоа што се случува кога полицијата и судскиот систем не ги почитуваат протоколите за заштита.

„Секој глас е важен. Дојди и кажи гласно дека женските животи не се безвредни!“ додаваат организаторите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп предлага Ормутскиот Теснец да се преименува…

Американскиот претседател Доналд Трамп предложи Ормутскиот Теснец…

Вучиќ го одложи митингот на СНС во…

Српскиот претседател Александар Вучиќ го одложи митингот…

Андоновски: Национален дата центар ќе се гради…

Речиси 7 трилиони долари ќе се вложуваат…

Николоски: Долгорочните билатерални визи, единствено решение за…

Единственото решение за проблемот со превозниците чиј…

Почина проф. д-р Јован Донев, поранешен амбасадор,…

На 71-годишна возраст во Скопје почина проф.…