(Видео) „Крвави ви се рацете, за пет пари се продадовте“ – Протест пред Кривичниот суд!

t

„Крвави ви се рацете, за пет пари се продадовте“ извикуваа граѓаните, пред се млади луѓе и студенти кои од Јавното обвинтелство продолжија кон Кривичниот суд. Граѓаните денеска протестираат поради, како што нагласија на протестот, убиството на младата Фросина која беше прегазена на „Партизанска“ од страна на 20-годишен возач.

Возачот возел без дозвола и под дејство на алкохол поминал на црвено светло кога ја усмртил Фросина Кулакова, но во јавноста се наметна дилемата дали до оваа трагедија ќе дошло доколку Васил Јованов бил построго казнет за незаконското поседување марихуана и кокаин или пак останел во притвор односно дали неказнивоста го отвори патот.

Од Обивнителството велат дека на 30 март лани добил кривична пријава од полицијата и била отворена истрага. Веднаш не бил достапен туку после четири дена на втори април од кога влегол во притвор. Истрагата завршила за речиси два месеца и со обвинението му бил продолжен и притворот. Останал во Шутка до 31 јули кога Судот донел пресуда односно му изрече воспитна мерка – упатување во воспитно поправен дом во Тетово и му ја укинал притворската мерка. Добил ваква мерка затоа што судот го третирал како помлад полнлетник.

„На 30.09.2024 година јавниот обвинител незадоволен од пресудата вложи жалба и предметот се уште е во жалбена постапка. Жалбата е во однос на воспитната мерка, бидејќи во однос на притворот жалба не е дозволена со оглед на тоа дека не е изречена казна туку воспитна мерка“ соопштуваат од ОЈО Скопје.
Зкаонот за правда на децата предвидува Изрекување воспитни мерки на помлади полнолетни лица но под одредени околности

„На сторител кој како помладо полнолетно лице извршило дејство што со закон е предвидено како кривично дело, а во времето на пресудувањето не наполнило 21 година, судот може да му изрече воспитна мерка засилен надзор или заводска мерка, ако со оглед на неговата личност и околностите под кои е сторено делото, може да се очекува дека и со воспитната мерка ќе се постигне целта што би се остварила со изрекувањето на казната“ стои во Законот за правда на децата.
Но, уште не е правосилна пресудата со која Јованов добил нова шанса и се спасил од затвор. Тој стори ново кривично дело. Смртно ја прегази младата Фросина. И ова не му била прва сообракајка. На четври ноември 2022 половина час по полноќ на улицата Рузвелтова со пежото удрил во друг автомобил кој не се движел и ја повредил сопатничката. МВР ја поднело кривичната пријава три месеца подоцна на први февруари 2023 година, но Обвинителството ја сопрело оваа постапка во договор со оштетената која велат била полесно повредена.

„Јавниот обвинител спровел постапка и со изјавена согласност на оштетената донел Решение со кое не се презема кривично гонење согласно чл.43 од ЗКП, а осомничениот се согласил да постапи по напатствијата на јавниот обвинител и да уплати паричен износ од 18.000 денари во корист на Буџетот на РСМ. Освен ова МВР повело и прекршочна постапка за возење без возачка дозвола. Други кривични пријави за лицето не се поднесени во јавното обвинителство“ стои во соопштението на ОЈО Скопје.

Ова е втора сообраќајка која Јованов ја предизвикува во рок од две години и спореди информациите од истражните органи досега воопшто тој немал извадено возачка дозвола. Од Кривичниот суд каде вчера му определија протвор се уште не се оглаиле, зошто е донесена блага казна со која Јованов излегол од зад решетки и направил ново кривично дело.

Обвинението за Јованов било затоа што полицијата во стан што тој го користел пронашла 14 кесички со марихуана со вкупна тежина околу 24 грама и една паковка кокаин од 0,24 грама . Во друг стан кој го користеле заедно со другата обвинета полицијата нашла 279 грама марихуана и 16,4 кокаин.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Протест во Тетово: Дали требаше да се…

Во Тетово се одржа протест на група…

Продолжува судењето за убиствата на Вања и…

Денеска во Кривичен суд треба да продолжи…

Средните училишта низ Србија продолжуваат со бојкот…

Повеќе средни училишта во Србија од понеделник…

Ѝ пукале во глава додека клечела –…

Убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски…

(Во живо) Секој втор кочанчанец во текот…

Секој втор кочанчанец во текот на 2023…