(Видео) Крмов и Мојсоска излегоа пред родителите од Кочани, Гаши не им дозволи влез во Собранието!

t

Пратеникот на Левица, Борислав Крмов заедно со пратеничката Јована Мососка излезе на средба со родителите и членовите на семејствата на загинатите во кочанската дискотека. Крмов истакна дека нивната пратеничката група побарала родителите да можат да влезат во галеријата на Собранието и да ја следат собраниската седница за интерпелацијата на министерот Панче Тошковски, но дека собранискиот спикер Африм Гаши не дозволил такво нешто.

Гаши се согласил со барањето од еден час пауза, но рекол дека е неприфатливо родителите да бидат пуштени во Собранието. Според него, присуство треба да биде најавено и организирано.

Родителите му порачаа на Крмов дека сите пратеници треба да излезат од собраниската сала и да се сретнат со нив.

-Командна одговорност мора да има, додаде пратеникот на Левица и рече дека ДПИ и ОВР Кочани се најодговорни за целата ситуација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Нема правда без одговорност на Тошковски…

Откако речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски…

ОЈО ќе организира средба со родителите на…

Откако за време на вчерашниот протест во…

Кочани ни е во фокусот, вели новиот…

Министерот најави амбициозен план за реформи во…

Левица објави јавен повик: Секој кој сака…

Левица објави јавен повик за кандидати за…

Мајка на загината во трагедијата во Кочани…

Мајка на загината во трагедијата во Кочани…