(Видео) Кузеска: Бројни советници по кабинети, масовна партизација на грбот на граѓаните и во МВР

t

Додека полицајците на граничниот премин Блаце се казнуваат на плата, додека министерот за внатрешни работи најавува мерки за заштита на државниот буџет од злоупотреби, власта секој ден носи нови одлуки за вдомување партиски кадри на измислени позиции, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„И во МВР тоа се случува на големо. Министерот Тошковски и заменик министерот Исени наредиле огромна листа на советници, со огромни плати и до 66 илјади денари. Само за овие 23 советници во кабинетот на министерот и на заменикот министер граѓаните на Македонија ќе плаќаат околу 1 милион денари секој месец. На коалициските партнери во власта не им е доволно тоа што имаат министри, заменици министри, државни секретари, директори, сега се измислуваат функции и позиции за вдомување“, дополнува Кузеска и додава:

„Од координатори, национални координатори, заменик на заменикот директор еве дојдоа до паралелни кабинети со бројни советници. Кога се функции и фотели во прашања нема мерка за доста кај ДПМНЕ“.

Според неа ова е класична партизација со која се ограбува буџетот за задоволување на апетите на партиите на власт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Кузеска: Бројни советници по кабинети, масовна…

Додека полицајците на граничниот премин Блаце се…

Израелскиот министер за одбрана тврди дека Хамас…

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави…

14-годишно девојче од Црна Гора планирала исламистички…

Како што објавија австриските медиуми, обвинителството во…

Политичарка со потекло од Босна поднесе оставка…

Не стивнуваат реакциите за акцијата на швајцарската…

Див Запад – Влегол со пиштол во…

Околу 02.00 часот, полициски службеници од СВР…