Див Запад – Влегол со пиштол во продавница и пукал во брачен пар: Пукање во струмичко

t

Околу 02.00 часот, полициски службеници од СВР Струмица – Полициско одделение Ново Село го лишиле од слобода Д.С.(45) од село Долно Лакочереј, охридско.

Тој, околу 01.50 часот, носејќи пиштол, влегол во продажен објект во село Ново Село, струмичко, со намера да изврши разбојништво, при што со пиштолот пукал кон сопружниците Б.М.(48) и М.М.(46).

Тој бил фатен на местото на настанот и бил задржан во Полициската станица Струмица, а повредените биле пренесени во Медицински центар Струмица.

Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Струмица, при што биле пронајден пиштолот и чаури. По целосно документирање на случајот, против Д.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прекинат транспортот на нафта за рафинеријата во…

Транспортот на сурова нафта преку Јадранскиот нафтовод…

Словенечка или австриска банка кои оперираат во…

Словенечка или австриска банка кои оперираат во…

Ива Михаилова се појави и на БНТ…

По гостувањето во поткаст, во кое наведе…

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до…

Инстант лозот „Макси златна рипка“, на Државна…

Палмер: Македонија направи сè што побара ЕУ,…

Македонија направила сè што Европската унија побарала…