(Видео) Неделковски: Безидејноста на Стефковски и ДПМНЕ излегува на виделина – Градоначалникот отпочнува започнат проект за поголема цена!

t

Неспособноста, безидејноста на градоначалникот Бобан Стефковски и ДПМНЕ излегува на виделина, велат од ЛДП.

– Канал за атмосферска канализација во должина од 1 километар започнат од претходната администрација на општината по договор склучен со фирмата Бауер кој чинеше 10 милиони денари.

🚫 По завршување на првата фаза, следуваше стопирање на проектот.

⚠️ За штетата да биде поголема наспроти популизмот на Бобан и присвојување на заслугите, тој го промовираше како нов веќе постоечкиот проект за канал во должина од 430 метри дупло помалку од првичниот проект по цена од над 10 милиони денари.

🗣 Да потсетам дека на ова место во 2016 година поплавите одзедоа 22 жртви а куќите кои се во непосредна близина се соочија со воден талог од преку два ипол метри од природниот феномен 100 годишна вода.

Ваквата импровизација од 430 метри не претставува трајно и сигурно решение. Недозволиво е и не може да помине кај жителите на Стајковци.

⁉️ Aко првата фаза е завршена, како градоначалникот повторно почнува започнат проект и зошто не го продолжил веднаш туку во трета година од неговиот мандат? Зошто цената е поголема за помала должина? Зошто е променета фирмата?

Бобан треба да одговори на многу прашања на граѓаните на Гази Баба. Тие заслужуваат одговори за неодговорното работење. Дали се работи за теснопартиски интереси договори и злоупотреба на буџетските средства на општинската администрација предводена од ДПМНЕ?

🔵🟡 Испраќам јасна порака, ова владеење и овој хаос во општина Гази Баба ќе заврши на следните локални избори. – истакна Влатко Неделковски од ЛДП.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЛДП: Даку треба да се извини за…

Во спортот и во фудбалот секогаш е…

Зајкова: ЛДП во парламентот ќе дејствува независно

Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, изјави дека…

ЦО на ЛДП ќе ги разгледува настапот…

Либерално-демократската партија ја известува јавноста дека вечерва…

ЛДП: Салиу некогаш не бил обвинет за…

Ваквото недостоинствено апсење на новинарот Фуркан Салиу…