Централен одбор на ЛДП: Апсолутна поддршка и доверба на актуелното раководство најмалку уште две години

t

Централниот одбор на Либерално Демократска Партија ЛДП одлучи! Апсолутна поддршка и доверба на актуелното раководство најмалку уште две години, објави на Фејсбук Влатко Неделковски.

– Од позиција на секретар на ЛДП Скопје – Градска организација, посебно сум горд што либерал-демократската идеја победи и во Скопје.

Обединета со фокус на програмски решенија кои значат подобрување и функционалност на локалната самоуправа и општествен добробит во периодот кој следи, а тоа се локалните избори.

Лажните потписи, креирање лажни перцепции, дописи до медиумите, фингирани напади, заканите и уцените кои се поверојатно доаѓаат од Словенија, се подложни на морална и правна одговорност за која набргу ќе се соочат чинителите.

Одговорноста има име и презиме.

Ако за некоја политичка опција се вели дека е демократска, ЛДП е симболот на слободното делување и мислење.

Како таква, јавноста мора да знае дека ниту еден член не е исклучен ниту пак опструиран, напротив е добредојден со критичка или поразлична идеја но во рамки на внатрепартиското делување. – стои во објавата на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Не се гордејте со просекот на матурата…

Либерално-демократската партија (ЛДП) преку соопштение реагира на…

Во секоја општина да се отвори семеен…

По последните случаи со насилство во Гостивар…

На предлог на ЛДП и ЛИБСЕН евролибералите…

На предлог на ЛДП и ЛИБСЕН, Европските…

Зајкова: Ни се потсмеваа пред една година…

По последните информации кои доаѓаат од Град…

ЛДП слави 29 години постоење: Македонија може…

„На 19 април 1997 година, во Македонскиот…