(Видео) Левица: Коалицијата ДПМНЕ-ДУИ здружени против вработување на инспектор за животна средина
Коалицијата ДПМНЕ-ДУИ се здружија против распишување на јавен оглас за вработување на локален инспектор за животна средина во Велес, велат од локалниот огранок на Левица во градот.
– На последната 39 седница на Советот на Општина Велес се разгледуваше дописот од Државниот инспекторат за животна средина во кој беше посочен лошиот квалитет на водата во езеро Младост, особено во делот на вливот на Отовичка река.
Во извештајот се наведува дека надлежните институции треба итно да превземат активности со цел да не се дозволи влошување на состојбата.
Советничката од редовите на Левица, Маргица Урумова, предложи да се донесе заклучок со кој ќе се обврзе Општина Велес итно и неодложно да распише јавен оглас за вработување на локален инспектор за животна средина.
За овој предложен заклучок советниците од коалицијата ДПМНЕ – ДУИ не гласаа, за жал тие воопшто и не се вклучија во дискусија за извештајот!
Ова работно место е предвидено во секој план за вработување, но за градоначалникот Марко Колев и советничката група на ДПМНЕ очигледно дека не е приоритет Општина Велес да има инспектор за животна средина! – велат од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ до Мицкоски: Дали добивате „паничен напад…
Демократската унија за интеграција најостро го осудува…
ДПМНЕ веднаш да ги повлече предложение измени…
ДПМНЕ веднаш да ги повлече предложение измени…
Трета опција: ДПМНЕ на дневен ред ќе…
ДПМНЕ на дневен ред ќе носи закон…
Левица: Директорот на Детската клиника и неговиот…
Левица бара од министерот за здравство, Арбен…
Левица: Усје нѐ труе, Меџити се чешла
Усје нѐ труе, Меџити се чешла, велат…